1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бенедикт 16. ќе ја носи титулата „Папа емеритус“

БГ/афп26 февруари 2013

Папата во заминување Бенедикт 16. доби почесна титула од Ватикан која ќе ја носи се’ до смртта. На Бенедикт по заминувањето во пензија ќе му се обраќаат со „папа емеритус“

https://p.dw.com/p/17m3q
Фотографија: Reuters

Папата Бенедикт 16. ќе ја носи титулата „папа емеритус“ или почесен Папа (pontiff emeritus) откако ќе поднесе оставка на функцијата в четврток, соопшти Ватикан.

На Бенедикт се уште ќе може да му се обраќаат со „Ваша Светост Бенедикт 16.“ но ќе ја носи и титулата „Римски Папа Емеритус“, изјави портпаролот Федерико Ломбарди.

Бенедикт 16. е првиот папа кој поднесе оставка по речиси 700 години, последниот таков случај е забележан во Средниот век.

Бенедикт и во иднина ќе може да ја носи својата бела мантија, иако таа вообичаено е резервирана само за папите, а ќе продолжи да ги користи и чевлите кои му ги изработија мајстори во Мексико при неговата минатогодишна посета.

Портпаролот на Ватикан соопшти дека серијата состаноци на кардиналите на кои треба да се определи датумот за почетокот на големиот собир (конклавата) за избор на наследник на Бенедикт, ќе започнат на 4. март.

Ломбарди соопшти дека Папата веќе одбрал помеѓу официјалните документи кои ќе останат во Ватикан, и приватните записи кои ќе си ги понесе со него.

Последната аудиенција на Папата пред заминувањето во пензија ќе биде одржана во четврток на плоштадот Свети Петар во Ватикан.