1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Модната недела“ слави јубилеј

19 јануари 2012

„ Модната недела“ во германскиот главен град која се одржува од 18-ти до 21-ви јануари годинава на програмата е по десетти пат. Оваа добро посетена манифестација се состои од пет поединечни саеми.

https://p.dw.com/p/13lmG
Фотографија: AP

Во центарот на вниманието за време на берлинската „Модна недела“ традиционалено е манифестацијата „Mercedes Benz Fashion Week“ која се одвива во еден долг шатор кај Бранденбуршката капија. Тука се претставуваат најновите колекции на познати дизајнери на класична модна писта (catwalk)- како во Њујорк, Милано, Париз, и Лондон. На саемот "Bread & Butter" се’ се врти околу спортската улична облека, која е се’ поважен сегмент во модата за Берлин. Границите меѓу високата Haute Couture и уличната мода Streetwear се се‘ попорозни и помеки, велат експертите додавајќи дека границите им се поважни на луѓето од браншата отколку на клиентелата која ја купува облеката.

Fashion Week 2012 Berliner Modewoche startet
Големиот шатор пред Бранденбуршката капија во кој се оддржува „Merzedes Benz Fashion Week 2012“Фотографија: picture-alliance/dpa

Подобрување на имиџот

За клиентите кои сакаат луксуз на „Модната недела “ во Берлин е задолжен саемот „Premium“. „Seek“ е пак саемот кој и’ се обраќа на младата публика, како и „Bright", на кој се‘ се врти околу уличната и модата за скејтери.
„VisitBerlin", здружението за туризам и маркетинг во германската престолнина смета на дополнителни 200 илјади „модни“ туристи за време на „Модната недела“ кои во берлинските хотели, ресторани и музеи ќе остават 100 милиони евра.

Fashion Week 2011 Bread & Butter Eröffnung
Берлин „Fashion Week“ 2012-та отворање на саемот „Bread & Butter“Фотографија: dapd

„Не се важни само економските ефекти туку и подобрувањето на имиџот на градот“, истакнува Кристијан Тенцлер, портпарол на здружението. Пред десет години, потсетува тој, се’ уште било незамисливо дека Берлин би можел да биде перцепиран како важен центар на модата. Но тоа се има променето. Денес интересот за Берлин во светот на модата е огромен а Тенцлер знае и зошто. „Во главниот град на Германија може да се најде единствена мешавина на мода и авангарда“.

Автор: Кај-Александар Шолц/ Симе Недевски

Редактор: Ж.Ацеска