1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

"Берлинска декларација" за реформирање на ЕУ

Петер Штицле26 март 2007

На 50-годишнината од потпишувањето Римските договори, фактички денот на своето основање, ЕУ си пропиша темелна обнова до 2009-та година

https://p.dw.com/p/AbyE
Од свеченоста во Берлин
Од свеченоста во БерлинФотографија: AP

50-годишниот јубилеј на ЕУ беше свечено одбележан: помеѓу говорите подвлечен со свечени музички тонови. Во говорите, пак, беше агитирано за реформа на Унијата, чиј прв обид со настојувањето за донесување устав не успеа. Актуелниот претседавач со ЕУ, германскиот канцелар Ангела Меркел, апелира до собраните шефови на држави или на влади за свест за одговорноста и опомена дека во никој случај не е сигурно оти Европа и 100-от роденден ќе може да го слави во слобода и мир.

“Сето мора наново да биде јакнето и брането. Застој значи назадување. За градење доверба се потребни децении, а може преку ноќ да биде изиграна”, истакна Меркел. Таа потоа извлече заклучок: “За да се јакне европскиот модел на живот, да се прифати глобалната одговорност, е потребна способност за дејствување, и тоа поголема од онаа што Европа ја има денес”. Таква способност треба да донесе реформата на европските институции. Неуспехот би бил историски пропуст, рече Меркел.

Претседателот на Европскиот парламент Ханс-Герт Петеринг беше поконкретен – ЕУ мора да биде подемократска, поотворена и поблиска до граѓаните: “Сакаме до европските избори во јуни 2009-та да биде правно задолжителна супстанцата на уставниот договор, вклучително нашите заеднички вредности”.

Но, токму изразот “уставен договор” иритира поедини земји членки и тој не е содржан во “Берлинската декларација” што на крајот на свеченоста ја потпишаа Меркел, Петеринг и претседателот на Комисијата на ЕУ Жозе Мануел Барозо. Постигната е согласност Унијата да биде “поставена врз обновена заедничка основа” и тоа до 2009-та година. Германија како претседавач треба до предвидената конференција во јуни да подготви возен ред како да се постигне таа цел.

“Во подготовката на Берлинската декларација со парламентот и Комисијата стекнавме многу добри меѓусебни искуства дека можеме да се потпреме едни врз други, дека секој ги знае апсолутните црвени линии на другите и во таква другарска атмосфера ќе продолжиме и понатаму да работиме” – оптимист е Ангела Меркел. Таа остана непоколеблива ни по приговорите од еден чешки новинар дека во неговата земја наишол на многу критика методот како настанала Берлинската декларација: “Методот сепак беше успешен, оти имаме Берлинска декларација која на крајот сите ја прифатија”.