1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Берлин нема директен контакт со авганистанските грабнувачи

6 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BRUD

Германската влада нема директен контакт со грабнувачите на градежниот инжинер во Авганистан, соопшти државниот секретар во министерството за надворешни работи Гернот Ерлер. Се уште е нејасна судбината на киднапираниот по истекот на неколку ултиматуми и најавите за негово скоро ослободување. Германија се потпира на преговорите водени од авганистанската влада, која има контакт со киднаперите. Соопштено е дека преговорите биле потешки отколку во други случаи.