Берлин со итна реакција по одлуката за уставните измени

Само половина час по изгласувањето на уставните измени во Скопје, реагираше германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.

Во соопштението на шефот на германската дипломатија Хајко Мас се изразува очекување дека и Грција ќе даде согласност за Договорот од Преспа и дека Македонија потоа ќе стане членка на НАТО и ќе почне преговори со ЕУ:

„Решението на спорот за името помеѓу Скопје и Атина е на дофат. Очекувам дека и грчкиот парламент ќе даде согласност за договорот и дека земјата Северна Македонија потоа брзо ќе му се приклучи на НАТО и ќе може да почне преговори за приклучување во ЕУ. Спорот за името помеѓу Скопје и Атина траеше 27 години. Одговорните, пред се’ премиерот Ципрас и премиерот Заев, презедоа енормни напори за конечно да се реши овој конфликт. Тие дадоа охрабрувачки пример за тоа дека упорната работа со факти, издржливоста и политичката храброст во дипломатијата може да доведат до успех. Ова испраќа охрабрувачки сигнал во целиот регион.“

Повеќе: „Преспа“ помина во Скопје, на ред е Атина

Договорот од Преспа е од полза на цела Европа, констатираше вчеравечер во Атина и германската канцеларка Ангела Меркел, која упати повик до политичките сили во Грција да му дадат зелено светло на договорот за решавање на спорот за името, притоа подвлекувајќи дека „не се меша во внатрешните работи“ на земјата.


Теми

Следете нѐ