1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Берлускони не сака да извршува општествено полезна работа

СН/АМ/афп/ртр/дпа28 јули 2013

Врховниот суд на Италија во вторник треба да ја разгледа жалбата на Силвио Берлускони на пресудата со која тој е осуден на четири години затвор за финансиски измами во рамки на аферата Медиасет.

https://p.dw.com/p/19FSW
Фотографија: Reuters

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони изјави дека, во случај  Врховниот суд да ја потврди пресудата дека е виновен за финансиски малверзации, повеќе сака да оди во затвор, отколку во центрите каде осудениците извршуваат општествено корисна работа.

„Нема да прифатам да извршувам општествено корисна работа, како криминалците кои треба повторно да се едуцираат“, изјави Берлускони за италијанскиот дневен весник Либеро.

Врховниот суд треба во вторник да ја разгледа жалбата на Силвио Берлускони за пресудата со која тој, поради финансиски измами во рамките на аферата Медиасет, е осуден на 4 години затвор. Во рамките на таа пресуда му е забрането и 5 години да биде на некоја јавна функција.

Поранешниот премиер на Италија рече дека нема да го искористи своето право поради поодминати години казната да ја издржува во домашен притвор.

„Имам речиси 78 години и имам право казната да ја издржувам во домашен притвор. Ако ја потврдат пресудата и превземат таква одговорност, сакам да одам во затвор“, истакна тој.

Поради аферата Медиасет Берлускони е осуден во октомври 2012. година. Од друга страна судот во Милано кон крајот на мај му изрече затворска казна од 7 години, поради обвинување за плаќање на сексуални услуги на малолетничка. Освен тоа, тогаш доживотно му е забрането да биде на каква било јавна функција. Таа одлука не е правосилна, а Берлускони поднесе жалба.