1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бесими во посета на Авганистан

СН/ЖА/миа1 април 2012

Македонскиот министер за одбрана Фатмир Бесими престојува во работна посета на македонскиот армиски контингент во Авганистан, кој е дел од меѓународните заштитни трупи ИСАФ.

https://p.dw.com/p/14Vze
Фотографија: M.I.

Министерот за одбрана Фатмир Бесими денеска (01.04.2012) пристигна во Кабул, придружуван од началникот на Генералштабот на АРМ, генерал мајор Горанчо Котевски и претставници на Министерството за одбрана и АРМ, јави новинската агенција МИА.
Двајцата гости ќе имаат средба со војниците од 21-та ротација македонски мировници во оваа земја и детално ќе се запознаат со нивните секојдневни обврски и воопшто со условите во базата во Кабул.
Министерот Бесими ќе има и средба со командантот на ИСАФ и на американските војници во Авганистан, генералот Џон Ален, со Јержи Виецлав, директор за политика и помошник на најстариот цивилен претставник на НАТО во Авганистан, како и со командантот на Регионалната команда-Капитол, бригадниот генерал Ѓозкаја.
Посетата на македонска делегација на Авганистан се реализира по најновото зголемување на учеството на АРМ во составот на мултинационалните сили во оваа земја. Македонската армија од минатиот месец дополнително го зајакна своето учество во ИСАФ со петчлен мобилен тим за обука на авганистанската армија во Школото за воена полиција во рамки на Мисијата на НАТО за обука во Авганистан.