1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Беспилотни летала убиле и Американци

ЖА/дв/макфакс23 мај 2013

Американската влада првпат призна убиство на американски граѓани во напади на беспилотни летала. Ангажманот на овие летала е многу спорен.

https://p.dw.com/p/18cbu
Фотографија: Northrop Grumman/Chad Slattery/Handout via Reuters

Вашингтон официјално првпат призна дека со беспилотни летала се убиени четворица американски државјани во Пакистан и во Јемен, и тоа непосредно пред говорот на претседателот Барак Обама кој денеска во говорот треба да вети потранспарентна политика на национална безбедност и да зборува за затворот во Гвантанамо, со што според аналитичарите сака да го сврти вниманието на јавноста од аферите што ја потресуваат неговата администрација.

Во писмото упатено до членовите на американскиот Конгрес, министерот за правда Ерик Холдер навел имиња на четворица американски државјани кои се убиени во напади со беспилотни летала. Според дописот, САД во 2011 година „целно го убил“ милитантниот клерик Анвар ал-Авалки роден во Мексико, а ненамерно бил убиен и неговиот син Абдулрахман ал-Авлаки.

Другите две американски жртви се Самир Кан, Американец од пакистанско потекло, кој е убиен во Јемен и Џуд Кенан Мохамед и од Северна Каролина, кој бил обвинет за тероризам, а е убиен во Пакистан.

САД досеа, инаку, го имаа признаено само намерното убиство со беспилотно летало на Анвар ал-Авлаки.

Неименуван функционер изјавил дека претседател Обама во говорот што ќе го одржи денеска вечер по средноевропско време ќе истакне дека нападите со беспилотни летала „биле потреби, законски и праведни“.

Говорот на Обама се совпаѓа со потпишувањето на новите насоки за нападите со беспилотни летала. Новите стандарди предвидуваат дека Пентагон треба да добие контрола над некои операции со коишто сега раководи американската централна разузнавачка агенција ЦИА со што Конгресот би имал поголем надзор врз нападите со беспилотни летала. Во тој контекст министерот за одбрана Холдер изјави дека Белата куќа сака напорите во борбата против тероризмот „да ги направи по транспарентни за американскиот народ и за светот“.

Претседателот Обама е под притисок поради скандалите во коишто е инволвирана неговата влада којашто критичарите ја обвинуваат за нетранспарентност и недоволна заштита на граѓанските слободи и права, па се очекува оти ќе зборува и за затворањето на злогласниот затвор во воената база на Куба во заливот Гвантанамо, што го вети уште во текот на неговата прва претседателска кампања во 2008 година.