1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бечај: Погрешна проценка на Брисел и Вашингтон

Рефки Алија / Александра Трајковска4 ноември 2013

За време на првите локални избори по прогласената независност и по бриселскиот договор, на Косово дојде до насилство. На северот на Митровица, и покрај ЕУЛЕКС и КФОР, маскирани екстремисти упаднаа на избирачки места.

https://p.dw.com/p/1ABP6
Фотографија: AFP/Getty Images

Бехљуљ Бечај, аналитичар од Приштина смета дека донекаде се очекувани случувањата во Митровица, кога група од дваесетина маскирани луѓе вчера (03.11.) приквечерината навлезе во избирачкото место во основното училиште „Свети Сава“ и ги скрши гласачките кутии, по што тие избирачки места беа затворени, а претставниците на ОБСЕ се повлекоа.

Последица од нелегалните структури

Според неговите зборови, самата одредница дека овие избори се „историски и имаат сеопфатен карактер поради излегувањето на Србите на нив“ била погрешна“ и „всушност доживеа историски неуспех“. „Јас сметам дека овие избори, всушност овој неуспех е последица од долгорочно таложење на нелегалните структури“, вели Бечај.

Бечај истакнува дека виновните и одговорните за оваа ситуација не треба да се бараат само во Белград и во Приштина. „Туку можеби првенствено во Брисел и во Вашингтон, бидејќи нереално ги проценија дострелите, нереално ги проценија актерите и во суштина водеа канцелариска политика без сериозно да ги согледаат вистинските причини кои лежат кај обичните граѓани кои беа занемарени“.

Kosovo Kommunalwahl Sveti Sava Schule
Фотографија: Reuters

Поради сето ова Бечај смета дека треба да се извлече поука од оваа ситуација и да се преиспита зошто дојде до сето тоа. Сепак тој не очекува некој вид условување од страна на САД и ЕУ, кои својот однос кон Белград и Приштина го условија токму со успехот од овие избори.

Двоен притисок врз Србите

„Ние на северот имавме една интересна ситуација. Имаше двоен притисок од страна на Србите. Една групација на Срби ги притискаше Србите кои бараа да не излезат на избори. Другата, која беше наклонета на власта, бараше да излезат на избори. Албанската страна, пак, беше набљудувач, а сето тоа се случи на Косово. Значи ние кои бевме посматрачи, ние ја сносиме главната одговорност. Оние кои бараа да најдат решение на парцијален начин имаат дел од одговорноста, а оние кои овие актери, и нашиот и српскиот премиер, ги доведоа во ситуација на условување, треба да се прашаат себеси што сторија, со кого, поради што и зошто го сторија тоа погрешно', заклучува аналитичарот од Приштина, Бехљуљ Бечај.