1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Биланс од сработеното и план за предизвиците

3 јуни 2010

Мешовитиот комитет за стабилизација и асоцијација одржува дводневен состанок во Скопје, на кој се разгледува напредокот на Македонија во евроинтегративниот процес, од минатиот ноември наваму.

https://p.dw.com/p/Ngkl
Фотографија: Petr Stojanovski

Дипломатите од Брисел треба да дадат насоки за следните чекори, домаќините од Македонија да ги презентираат постигнувањата во секоја сфера одделно. Во македонската влада велат дека станува збор за состанок на техничко ниво, но на агендата на европската делегација се средби со лидерите и со претставници на политичките партии.

Критики за застојот на реформите

Утрово (03.06.) петорката од Брисел предводена од Кристијан Хедберг, земеник на директоратот за проширување, а придружуван од евроамбасадорот Ерван Фуере беше во седиштето на најголемата опозициска партија СДСМ. На средбата со Бранко Црвенковски, биле искажани забелешки на неколку точки. Македонија, според неофицијалните информации, може да биде критикувана за застојот на реформите во јавната администрација, потоа за секторот правосудствто, за политичкиот дијалог и енергетскиот сектор. Конкретно како проблематични биле посочени одлуката на владата да ги трансферира во трајни договорите за работа на вработените во јавната админастрација, вработени со договор на дело, потоа игнорантскиот однос на академијата за судии, недонесувањето на нов деловник, парламентарната дебата и дијалогот помеѓу коалициските партнери и од енергетската сфера третманот на државата кон ЕВН.

Освен средбата со Црвенковски, Хедберг имаше состоанок со претставници на ДУИ, а попладнево (03.06.) е предвидена средба и со премиерот Никола Груевски.

Со приближувањето на 17 ноември расте и интересот за евроинтеграциите на Македонија

За медиуми е невообичаена одлуката на гостите од директоратат за проширување да нема изјави за јавноста.

За утре (04.06) е најавено заедничко соопштение на мешовитиот комитет што го следи спроведувањето на договорот за стаблизација асоцијација. Интересот во однос европската перспектива на Македонија расте како што наближува 17 јуни, кога советот на министри треба да се изјасни во однос на очекувањата на официјално Скопје да биде одреден датум за почеток на преговорите.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Трајче Тосев