1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Билд: поделбата на Косово не е опција што ја прифаќа ЕУ

АМ/бета/novosti.rs17 октомври 2012

Министерот за надворешни работи на Шведска Карл Билд изјави дека поделбата на Косово не е опција за ЕУ и изрази загриженост поради таквите изјави кои стигнуваат од Белград. Тој негираше дека земјата бара воведување визи.

https://p.dw.com/p/16RDF
Фотографија: Reuters

ЕУ не прифаќа поделба на Косово – тоа е пораката што преку интервју за „Вечерње новости“ ја испрати шведскиот министер за надворешни работи.

„Она што од наша страна е многу јасно е дека поделбата на Косово не е опција. Видов дека од Белград дојдоа некои прилично загрижувачки изјави во тој смисол. Мислам дека е значајно Белград во целост да разбере дека тоа е важен став“, рече Билд.

Тој се осврна на пораката на српските власти, по објавувањето на извештајот за напредокот на земјата од страна на Европската комисија, дека формулацијата за почитувањето на „територијалниот интегритет“ на Косово не е прифатлива. Билд откри дека во следните денови ќе има контакти на високо ниво, по што се очекува работите во косовско-српските односи да бидат појасни.

Билд во интервјуто негира дека Шведска е една од земјите кои бараат повторно воведување визи за граѓаните на Србија, велејќи дека не слушнал дека неговата земја е меѓу оние членки кои бараат суспензија на безвизното патување.