1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бил Гејтс се повлекува од дневниот бизнис во Мајкрософт

17 јуни 2006

Тој во иднината заедно со сопругата повеќе ќе и‘ се посвети на хуманитарната организација што го носи неговото име и што поддржува здравствени проекти во најсиромашните земји на светот.

https://p.dw.com/p/Ae0o
Бил и Мелинда Гејтс со африкански деца
Бил и Мелинда Гејтс со африкански децаФотографија: picture-alliance / dpa

„Почнувајќи од 2008-та поинаку ќе ги поставам моите лични приоритети. Сега работам полно работно време за Мајкрософт и скратено за фондацијата. За две години тоа ќе биде обратно: полно работно време за фондацијата и само скратено за Мајкрософт, во улогата на претседател на фирмата и технички советник„ – појасни основачот на концернот во седиштетото во Редмонд.

Долгата преодна фаза од две години до неговото заминување од дневниот бизнис на најважната софтверска фирма во светот треба да обезбеди непроблематична смена на кормилото на фирмата, додаде Гејтс. Сега 50 годишниот Бил Гејтс ја основа малата фирма во 1975-та година заедно со Пол Ален. Во 2000-та му го предаде раководењето со фирмата на добриот пријател Стив Балмер, но ја здржа влијателната позиција на раководител на секторот за развој на нов софтвер. Таа позиција сега ја презема досегашниот технички директор Реј Ози.

Бил Гејтс призна дека му било многу тешко да донесе ваква одлука, но уверен е дека Мајкрософт и со помало негово присуство нема да го пропушти главниот ток на развој во компјутерската бранша.

„Новиот пат што го почнувам ми овозможува да се зафатам со нови предизвици, но истовремено да ја задржам врската со Мајкрософт. Шансите за иднината на претпријатието се и понатаму толку добри, како што биле од секогаш. Многу клици што посеавме на разни полиња од компјутерските игри, преку телевизискиот сектор, програми за стопанството и канцелариска работа, па се до полето на комуникации – сега сите тие почнуваат добро да се развиваат и да носат плодови. Најдобрите времиња за Мајкрософт допрва доаѓаат„ – порача Бил Гајтс.