Битката против урбанистичкиот хаос е сепак (не)возможна

Законот за урбанистичко планирање конечно е пред пратениците. Измените тргнаа, но опструкциите не запреа. Дали новото решение ќе му стави крај на хаосот?

Средувањето на хаосот во урбанизмот се покажува како една од најтешките операции која ја спроведува власта. И по повеќе од две години, никако да се донесе законското решение кое треба да ги елиминира дефектите во постојниот закон кој во времето на претходната власт повеќепати се менуваше. Конечно, денеска предлог законското решение, односно Законот за урбанистичко планирање е на дневен ред во парламентот. Изготвувачот вели дека она што е клучно со новото решение е што се елиминираат какви било можности за нетранспарентно, незаконски и криминално спроведување процедури што е една од главните одлики на постојното решение:

„Законот носи големи промени за кои ќе бидат потребни многу напори за да има прилагодувања. Исчистени се сите т.н. криминални дупки и апсурди кои меѓу другото овозможуваа да се прави злосторство и силување на просторот“, објаснува за Дојче веле архитектот Мирослав Грчев, кој е главен изготвувач на законот.
„На пример“, вели Грчев понатаму, „се исфрла терминот планска документација кој беше измислен од страна на претходната власт како неуставна категорија која му дава право на градоначалник, или на министер да менува урбанистички план со пенкало. Со еден потпис. Со тоа тие цело време го растураат просторот и си правеа сопствени бизниси. Законски апсурди кои им овозможуваа со една третина гласови да се носат урбанистички планови. Тоа е како Монти пајтон, така е смислено со злосторнички дух и ум да обезбеди оние што се против да ги задржиш дома, да не знаат кога има совет и ние сложната дружина, истиот да го усвоиме. Со новото законско решение, ваквите и еден куп други наметнати стотици измени се исчистени“. 

Повеќе на темата: 

Може ли некој да и застане на патот на урбаната мафија во општините?

Безмилосно узурпирање на јавниот простор

Злоупотреби преку законски „дефекти“

Она што е клучно и проблематично во целиот процес е што законските „дефекти“ кои овозможуваат злоупотреби сѐ уште се во сила. Односно до носење на новиот, се уште важи стариот закон. Грчев реагира дека целата процедура на носење е премногу бавна, но и подложна на низа опструкции:

„Законот дури сега оди на расправа во парламентот и се предвидени три фази. Сите закони ги носат по скратена и итна процедура, а овој во најспора возможна. Во ред носете го во три фази, но поминаа две години, а оној ужас е на сила. Сите се однесуваат како да е тоа што е на сила, одлично проверено, феноменално, но не, тоа произведува корупција, хаос и ужас, а ние за една корекција и поправка, го кинеме плукаме да го претвориме во леш пред да биде донесен. Име, устав, менуваме за два, три месеца, за колку сакате. Но урбанистички план, закон, за тоа се влече и одолговлекува, па да се утепаш. Сите се влезени со тезги и рекети. Под сите подразбирам институции и големи играчи, нормално на штета на 99% од обичните граѓани“, реагира Грчев.

Скопје во изминативе години доживеа огромни промени овозможени од честите измени и непочитување на законите.


Оттука и не чуди што веќе се подготвуваат десетици амандмани кои дополнително може да го отежнат носењето, но и функционалноста на законот:
„Законот е влезен во процедура, но повторно се собираат. Се прават амандмани по 20, по 30. Не политички туку онакви кои сакаат да ја сменат конструкцијата на законот. И тоа го прават разни интересни групи, мотивирани главно од фелата и од бизнисот. А законот е готов една година и е јавно објавен, беше на дискусии, се менуваше текстот повеќепати. Излегува дека никој не е задоволен, или најголем дел од засегнатите, чии забелешки се дека не сакаат да се менуваат работите. Тоа и донекаде е разбирливо, свесно или несвесно, бидејќи тие и не знаат за друго. Се снашле во сегашното решение и не знаат како е да биде подобро бидејќи тоа не го ни паметат. А се беше како што треба во законското решение од 2005 година, но потоа се` се уништи“, коментира Грчев.

Невладините незадоволни

Во пресрет на собраниската расправа, јавно реагираат и дел од невладините организации. О2 иницијативата бара пред да се усвои законот, да биде одржана јавна расправа. Тоа велат дека не било направено, иако било дадено како ветување од страна на ресорниот министер за транспорт и врски:

„Министерот Горан Сугарески пред 4 месеци јавно вети дека ќе се организира јавна расправа помеѓу првото и второто читање на законот и сите забелешки и сè што е од интерес на граѓаните ќе биде прифатено. Воедно ги покани сите да дојдат на јавната расправа. Во однос на нашата реакција, Сугарески изјави дека штом го имало на ЕНЕР секој можел во државата да го види и да даде свои забелешки и мислења околу текстот на законот и дека екологистите (ние во случајот) сме можеле да реагираме со свои забелешки уште во август кога бил на ЕНЕР. За да биде јасно, предлог-законот за урбанистичко планирање бил поставен на ЕНЕР на 23 јули 2018 на јавен увид, во ек на летните одмори. Рокот за доставување на забелешки и мислења бил до средина на август.

Урбанистичкиот хаос низ годините предизвика сериозни проблеми за граѓаните

 Ние и во минатото и сега сме реагирале и барале од локалната и централна власт, јавните презентации, јавните анкети, јавните расправи, јавните увиди да не ги спроведува за време на летните одмори или празнични периоди. Сме рекле и тогаш и сега, ако сакате про форма да спроведете нешто и да не ја вклучите јавноста, ќе го направите тоа за време на летните одмори и празниците, како што беше направено и со овој предлог закон“, реагираат од иницијативата.

Ваквите забелешки според Грчев само непотребно ќе го одолжат и онака долгиот процес на носење на законот.
„Невладините стануваат и критикуваат и тоа е во ред. Но новиот текст е една година на стручни и јавни расправи. Се е транспарентно, за разлика од претходно кога измените ги гледавме откако ќе стапеа во сила. И сега, на тоа тивко му се поклонуваа, а на ова со едно погрешно однесување и со површна анализа реагираат од една општа и оправдана аверзија, бидејќи се работи за децениска злоупотреба. Но со погрешна атмосфера, со тивко ставање клинови, со бескрајно одложување на јавните процедури, се одлага во бескрај“, коментира Грчев.

Прилагодување на надлежните

Текстот на Законот за урбанистичко планирање е обемен, близу 80 страници и е објавен на страницата на парламентот. Во него се предвидени големи промени кои според предлагачот носат транспарентност, инклузивност и отчетност. Самото усвојување наметнува и доста обврски за надлежните, па затоа е и вметната обврската за стапување во сила дури три месеци откако документот ќе биде усвоен од страна на пратениците. Во овој рок министерствата и другите надлежни институции ќе треба да се прилагодат, само да се направи на пример електронскиот отворен систем, кој ќе биде на услуга на сите физички и правни лица што досега беше незамисливо. Тоа е ставено како обврска во законот и без таа тој воопшто не може да се применува.

Ќе има ли отчет за Скопје 2014?

Скопје 2010

Ова е последната фотографија од септември 2010 година пред поставувањето на постаментот за споменикот на „Воинот на коњ“. Преобразбата, која во годините кои следеа, му се случи на Скопје шокираше многумина и до денес остана тема за жестоки полемики и, неретко, критики. Голем беше интересот и во странските, пред сѐ западните, медиуми каде Скопје го доби епитетот „главен град на кичот“.

Ќе има ли отчет за Скопје 2014?

Воинот на коњ

На 20 јуни 2011 година беше поставен споменикот „Воин на коњ“ на плоштадот Македонија во Скопје. Споменикот беше изработен во Фиренца, а чинеше над 8 милиони евра. До денес, тој остана симбол за целиот проект, иако властите никогаш не смогнаа храброст ниту да го именуваат „воинот“.

Ќе има ли отчет за Скопје 2014?

Градежен „бум“

Во следните години беа изградени десетици згради во строгиот центар слични на оваа во која е сместен Археолошкиот музеј, некои, дури и во самото корито на реката Вардар. Заедничко за сите е стилот: комбинација од барок и неокласицизам. Критиките од експертската јавност дека таквиот стил е надминат и нема никаква естетска и историска вредност беа отфрлани.

Ќе има ли отчет за Скопје 2014?

Споменична манија

Значајно место во проектот заземаа споменици на знајни и незнајни, честопати и контроверзни, личности од историјата. Вкупно се подигнати повеќе од 130 споменици и бисти, а за нивно сместување беа изградени и дополнителни мостови кои ги поврзуваат двата брега на Вардар во строгиот центар на градот.

Ќе има ли отчет за Скопје 2014?

Автори и изведувачи

Воглавно, авторството на идејните решенија за целиот проект беше заслуга на неколку архитекти кои, речиси без исклучок, беа непознати за јавност. Како скулптор најчесто се јавуваше Валентина Стевановска, а идејни решенија доаѓаа од фирмите на Жарко Чаушевски и Ана Кедева-Петрова. Кај изведувачите, најмногу тендери добија Бетон, Гранит, Страбаг, Бетон-Штип и Бауер БГ. (Извор: БИРН/Призма)

Ќе има ли отчет за Скопје 2014?

Цена

На почетокот беше најавено дека проектот ќе чини 80 милиони евра. Според истражувањето на новинарите на Призма, уште во јули 2015 година проектот надмина сума од 560 милиони евра. Денешните проценки се дека Скопје2014 веројатно веќе достигне 700 милиони евра.

Ќе има ли отчет за Скопје 2014?

Идеологија на ентериерот и екстериерот

На почетокот, Груевски го најавуваше Скопје 2014 како проект чија цел е зацврстување на идентитетот на граѓаните. „Бомбите“ покажаа дека Груевски не само што бил идеен творец на целиот проект, туку и директно се мешал во речиси сите детали при неговата изработка: од „фонтани со обелиск“ како во Рим, преку столбови како во Вашингтон, сѐ до тапацирот и бојата на столчињата во двокатните автобуси.

Ќе има ли отчет за Скопје 2014?

Цел на „шарените“

Целиот проект стана омилена цел за „боење“ за време на протестите на Шарената револуција во 2016 година. Демонстрантите во него гледаа симбол на корупцијата, автократското однесување и непотребно трошење државни пари во една од најсиромашните земји во Европа.

Ќе има ли отчет за Скопје 2014?

Ревизија: дали или не?

Во центарот на Скопје сѐ уште се градат објекти кои беа предвидени или додавани како дел од проектот. Од Асоцијацијата на архитекти на РМ за ДВ најавуваат дека ќе бараат целосна ревизија на проектот. Според нејзиниот претседател Мартин Пановски, „Скопје 2014 е проект што не го осакати само центарот на Скопје, туку и цела Македонија“.


Урбанистичкиот хаос низ годините предизвика сериозни проблеми за граѓаните кои се мобилизираа, реагираа но најчесто се дискредитираа и тоа со политички квалификации. Преку ноќ се менуваа планови, се цртаа, се прошируваа маркички, се градеа споменици, објекти. Под сомнителни околности се делеа локации, се доделуваа државни земјишта под концесии. Промената на власта донесе одредени промени на локално ниво. Во дел од општините некои планови кои беа донесени на нетранспарентен начин беа укинати преку Уставниот суд. Во општина Центар на пример, локалната власт се реши за воведување на мораториум, додека се реши хаосот, што пак од друга страна предизвикува друг хаос и низа реакции на граѓани, но и компании кои се оневозможени да ги извршуваат планираните градежни активности.

Поврзана содржина

Следете нѐ