1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Биткоин 2018 – по високиот лет следеше сртмоглав пад

Миша Ерхард
5 јануари 2019

Биткоинот пред една година доживеа вистински подем: дигиталната валута чинеше 20 илјади долари. 2018 биткоинот изгоре стотици милијарди долари и неговата иднина е исклучително неизвесна.

https://p.dw.com/p/3Aavg
Sparks glow from broken Bitcoin (virtual currency) coins in this illustration picture
Фотографија: Reuters/D. Ruvic

Оној што во вистински момент инвестираше пари во биткоинот, сега веќе би можел спокојно да ужива на Малдивите и по цели денови да не прави ништо друго освен да брои пари. Има такви примери кои се базираат на порастот на дигиталната валута. Тоа се приказни за луѓе кои станале милијардери преку ноќ. Богатство произлезено единствено од трансакциите во дигиталниот простор.

Пред точно една година, во декември 2017, биткоинот достигна невидена кулминација. Една дигитална паричка чинеше повеже од 20 илјади долари. Но, од тогаш речиси исто толку брзо нештата отидоа по надолна линија за фановите на дигиталната валута. Кулминацијата се покажа како меур од сапуница. 2018 вредноста на биткоинот повторно падна за 80 проценти. Во декември годинава повторно беше под силен притисок, па краткорочно падна на 3 илјади долари по парче. Чист случај на голема понуда и мала побарувачка.

Пари без централна банка

"Биткоинот нема природна цена или вредност", вели Хенрик Лебер, менаџер на Фонд во Акатис. "Тој се базира исклучиво на понуда и побарувачка". Но, токму затоа Лебер кој и самиот има инвестирано во биткоини е оптимист: На биткоинот во иднина може да му порасне вредноста. "Ако многумина велат дека биткоинот е добро средство кое е заштитено од фалсификување и со кое може да зачувам вредност преку границите на една земја, тогаш вредноста ќе биде поголема".

Deutschland Hannover CeBIT - Bitcoin Ballon
Фотографија: DW/Z. Abbany

Има и друг аргумент, кој ги поддржува дигиталните валути како биткоинот: максималната горна граница на бројот на биткоини кои било кога може да егзистираат е 21 милион. Различно од реалните фискални системи во дигиталниот простор нема банка, која ќе испечати уште банкноти и така би можела да предозвика инфлација. Тоа е една од причините зошто биткоините воопшто и беа измислени. Дигиталната валута по големата финансиска и економска криза требаше да создаде алтернатива за постоечкиот фискален систем – систем во кој ќе се функционира без банки и банкноти.

Потребни се силни нерви

Во секој случај заради големите и чести промени, мора да се вложи време, трпение и силни нерви ако се сака да се направат пари со биткоини и други дигитални валути. И другите дигитални валути исто како и биткоинот забележаа пад. Сега веќе има многу дигитални валути, на пример на интернет страницата Coinmarketcap.com се излистани преку 2 илјади различни.

Повеќе:

-Десет години биткоин - кој ја создаде криптовалутата?

-Биткоин: прашање на време кога ќе пукне балонот

-Вртоглав раст на Биткоин, а со него и на ризиците

Изгледа дека е дојдено времето да се пуштат низ сито и решето. Ако и на овој пазар важи интернет принципот  „The Winner takes it all", тоа би било аргумент за биткоин и за пораст на курсот. Роберт Халвер кој е стратег за акции на Бадер банката е скептичен: „Ако валутата биткоин се спореди со новиот пазар на преодот кон новиот милениум, се забележуваат сличности кои не се случајни. Имаше огромен во двата случаи, но сега веќе тоа спласна и еуфоријата исчезна".

Биткоин останува нестабилен

Сепак, сѐ уште е многу рано да се стави крај на криптовалути како Биткоин. Тоа се покажа и по падот на курсот од средина на ноември до средина на декември. Оттогаш Биткоинот повторно ја зголеми вредноста за една четвртина. Значи флуктуациите продолжуваат и веројатно нема така бргу да исчезнат. Поради тоа е тешко и да се направи прогноза за движење на курсот во 2019 година.

Symbolbild Blockchain
Фотографија: Imago/C. Ohde

Блокчеин – технологија на иднината

Речиси сите аналитичари се согласни во едно: Блокчеин - технологијата која е основа за Биткоин наскоро ќе биде применета во многу области. Таа ветува поголем степен на транспарентост и заштита од фалисифакти. Истовремено може да се следи патот на испорака, да се склучуваат договори и да се прават промени во сопственичката структура. Поради тоа многу претприемачи веќе тестираат можни начини на имплементација на оваа технологија на индинината. Според една студија на Здруженето на Битком ИТ компании, 15% од испитаниците сметаат дека Блокчејн силно ќе го промени општеството и економијата исто како што се случи со воведувањето на интернет.

Галерија која можеби ќе ве интересира: