1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Битлси: од бездомници во Хамбург до најпознат рок бенд

17 август 2009

Битлсите ги знаат сите. Но малкумина знаат дека тој бенд својата светска кариера не ја започна во Англија. Имено, во 1960 година, момците дојдоа во Хамбург и тука ги имаа своите први настапи по клубовите.

https://p.dw.com/p/J3TJ
Битлсите на еден од своите настапиФотографија: AP

17 август 1960 – пет непознати момци од Ливерпул настапуваа во пристанишната метропола Хамбург: Пит Бест, Џорџ Харисон, Џон Ленон, Пол Макартни и Стјуарт Сатклиф, членовите на Силвер Битлси. Силвер мошне бргу е исфрлено од името на бендот и така започна краткото, но фасцинантно поглавје на историјата на рок музиката.

Во Хамбург, Битлсите ги доживеаја своите први успеси на музичката сцена. Во улицата на црвените фенери нанижани се безбројни клубови. Силни момци, лесни девојки, многу музика и покрај сето тоа – Битлси. Јазикот го совладале брзо: „Да, основата храна беше шашлик и корнфлекс со млеко, појадок и шоља чај, молам!... Една чаша чај, извинете ве молам", велат Битлсите.

Живеалиште во кино, веднаш до тоалетите

Deutschland Geschichte Beatles Platz in Hamburg
„Битлс плац“ во ХамбургФотографија: AP

За волја на вистината, Пол Макартни и останатите членови на бендот мошне ретко пиеле чај. Секоја вечер свиреле по клубовите во Хамбург. Се хранеле со ќофтиња, пиво и таблети за подобрување на расположението. Живееле многу сиромашно. Пиеле на вересија во кафеаните, а поради инциденти си имале работа и со полицијата. Богатството и славата тогаш биле мошне далеку од нив, се сеќава Пол Макартни: „Во Хамбург живеевме во киното Бамби, во близина на тоалетите. Тоа е вистина.“

„It´s been a hard days´s night" – такви биле деновите во Хамбург за познатиот бенд. Во Ливерпул не можеле да добијат никаков ангажман. Поради тоа, во Хамбург, за 30 германски марки по човек, секоја ноќ „ги малтретирале“ своите инструменти. За повоената генерација во Германија, музиката која ја свиреле момците од Ливерпул, а ја слушале нивните деца, била само врева и ѓубре. Но на младите, Битлсите им биле синоним за револт и разделување со локалната музика.

Хамбург – отскочна штица

Reeperbahn Hamburg
Познатиот кварт на црвените фенери каде што Битлсите ја започнаа кариератаФотографија: dpa

И познатите „битлс“ фризури настанале во Хамбург, а гласните ритми и гитарите во нивните рок ен рол песни станале популарни. „Свириме за се‘ што ќе ни падне на памет“, велеше Џон Ленон. И тоа го правеле толку добро, што ги забележал Хорст Фашер. Локалниот музички „бос“ ги ангажирал Битлси за својот „Стар-клуб“: „Во Стар-клуб тогаш го добија тоа што им недостасуваше. Можеа на сцената да гледаат големи ѕвезди и да учат како тие ги организираат сценските напстапи. Таму конечно се ’дошлифуваа’.“

Битлсите станувале се‘ попознати. Својата прва плоча ја снимиле со Тони Шеридан, во тоа време многу познат музичар. Работеле во клубот „Топ тен“ и песната „My Bonnie is over the Ocean“ успеала да се искачи на петтото место на германската топ листа. На Божик, 1962 година, Битлсите последен пат свиреле во Стар-клуб во Хамбург. Момците кои ветуваа, направија голема светска кариера – која почна во Хамбург. Тоа го потврдува и Ринг Стар: „,...Во Германија, во Стар-клуб..."

Автор: Михаел Марек / Ана Алибегова

Редактор: Александра Трајковска