1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бијонсе ги собра видео наградите на ЕмТиВи

БГ/ртр29 август 2016

Американската супер ѕвезда Бијонсе ја доби главната награда на доделувањето на MTV Video Music Awards. Со својата песна „Formation“ таа победи во категоријата „Видео на годината“.

https://p.dw.com/p/1JrUc
Фотографија: Getty Images/M. Loccisano

Бијонсе доминираше на MTV Video Music Awardѕ собирајќи 8 статуетки, вклучително и најголемата награда- видео на годината. Жените несомнено беа во главна улога вечерта - Бритни Спирс се врати на сцената на ЕмТиВи по пауза од десет години, додека Ријана настапи четири пати одбележувајќи ја наградата за животно дело.

Бијонсе ја одушеви публиката во Медисон сквер гарден во Њујорк со својот настап, на кој не му недостасуваше и политички ангажман. Ѕвездата пристигна на црвениот тепих во Њујорк во придружба на мајките на четворица афроамериканци кои беа убиени од американската полиција во последните две години.

Номинирани во категоријата Видео на годината беа и Адел ("Hello"), Џастин Бибер ("Sorry"), Канје Вест ("Famous") и Дрејк ("Hotline Bling").

Бијонсе ги собра видео наградите на ЕмТиВи