1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Блеквотер„ е одговорен за непотребно стрелање врз цивили

8 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bnfd

Случајот „Блеквотер„ и натаму ги обременува американско ирачките односи. Истражната комисија на ирачката влада соопшти дека приватната американска фирма за обезбедување без причина на 16 септември во Багдад застрелала 17 лица. Портпаролот на комиисјата изјави дека конвојот дипломати кој бил обезбедуван од страна на „Блеквотер„ воопшто не бил нападнат и немало причина да отвори оган. Во извештајот се наведува дека одговорните во случајот мора да бидат казнети според ирачкиот закон.