1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Блеф или сериозна криза во владајечката коалиција?

Горан Петрески21 август 2012

ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ се на сосема различни позиции во однос на законот за бранителите од 2001. Во двете партии се категорични дека нема да попуштат и оти ќе одат до крај. Дали ова прашање ќе стави крај на коалицијата?

https://p.dw.com/p/15trG
Фотографија: AP

Првиот работен ден за Парламентот по летните одмори донесе турбуленции на македонската политичка сцена. Заменик помошникот државен секретар на САД, Филип Рикер ќе се сретне со претставници на ВМРО ДПМНЕ и на ДУИ, објави Плусинфо  во обид да се спаси владеачката коалиција. Откако член од највисоките позиции во ДУИ, генералниот секретар Абдулаќим Адеми изјави дека неговата партија не го прифаќа новиот закон за бранители, што го предлага ВМРО ДПМНЕ и оти ако биде изгласан ДУИ ќе ја напушти коалицијата, партијата со која раководи Никола Груевски возврати:

„Водиме принципиелна политика базирана на идеолошката платформа утврдена од партијата и членството. Таа платформа и тие политики добиваат свој легитимитет на избори“, е ставот на ВМРО-ДПМНЕ објавен во сопштение испратено од медиумите.

Во ВМРО-ДПМНЕ разочарани од Слупчане

Според извори на Дојче Веле, се очекува претседателот на Собранието, Трајко Велјановски да го стави на дневен ред идната недела, законот со кој им се даваат бенефиции на бранителите од 2001 година а во кој не се опфатени борците на ОНА.

Regierungsgebäude der Republik Mazedonien
Фотографија: DW

Во ВМРО- ДПМНЕ биле шокирани и разочарани од потегот на министерот Бесими а настанот во Слупчане го толкуваат како прекршување на дадениот збор врз кој почивале партерските односи во власта. Сепак, потенцираат во најголемата владеачка партија, законот за бранители не треба да се сфати како одговор на провокацијата во Слупчане туку како напор да се исполни уште едно ветување во изборната програма кое ги третира бранителите.

Според изјавата на Адеми пак, ДУИ овој пат нема да попушти и ќе ја напушти власта. Интернет порталот Либертас пренесува ставови на експерти дадени за сајтот Порталб во кои е изразен сомнеж дека владините партнери создаваат криза за предвремени парламнтарни избори и оти изјавите поврзани за законот за бранители се политички блеф за да се запре падот на рејтингот на владеачките партнери.  

Односите во владајечката коалиција се генерално стабилни. На почетокот на минатиот месец, лидерот на ДУИ Али Ахмети најави дека е можен заеднички настап на ДУИ и на ВМРО ДПМНЕ на претстојните локални избори.