1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Блискиот исток и натаму врие

14 јули 2006

Израелската армија по наредба на премиерот Ехуд Олмерт и утринава продолжи со нападите против Хезболах во Бејрут и јужните делови на Либан. Дел од странските дипломати веќе се повлекуваат од Либан.

https://p.dw.com/p/Ac4y
Фотографија: AP

Најмалку две лица загинаа а седумнаесет се повредени во продолжението на израелските воздушни напади врз Хезболах во јужниот дел на Бејрут . Агенциите јавуваат и за акција на израелската армија врз база на про сириска палестинска група во источен Либан, но засега нема информации за евентуални загинати или повредени. Во досегашните напади на израелците загинаа повеќе од 50 лица меѓу кои има и цивили. Израелската влада се закани дека ќе го елиминира Сајед Хасан Насралах, лидерот на Хезболах, која е одговорна за убиството на осум и киднапирањето на двајца израелски војници. Одлуката за продолжување на израелските напади беше донесена на вчерашниот состанок на безбедносните структури. Претходно израелската армија целосно ги блокираше приодите кон Либан со цел спречување на трансфер на оружје и намирници за потребите на Хезболах. Милитантната група одговара со ракетни истрели врз израелска територија во кои според последните информации три лца загинале а 90 се повредени

Американскиот Стејт департмент ги повика семејствата и дел од вработените во американската амбасада да се повлечат од Либан и ги повика американските граѓани да не патуваат во оваа земја. Кипарските власти со чартер лет преку Сирија евакуираа 104 свои државјани.

Британскиот министер за надворешни работи Маргарет Бекет на вчерашната заедничка прес конференција за ЕУ дипломатот Хавиер Солана изјави:

„Ги повикуваме сите страни да сторат се што е можно смирување на ситуацијата. Силно ги поддржуваме напорите на ОН за прекин на опгнот и ослободување на киднапираните војници. Повикуваме на нивно итно ослободување и крај на нападите на израелските градови. Земјите со влијание врз Хезболах и Хамас треба да ја одиграат својата улога. Израел има право да одговори на секаков вид провокација, но притоа треба да внимава и да се однесува согласно меѓународните закони и да избегнува непотребни цивилни жртви„