1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Блиски исток – разговори

24 март 2007
https://p.dw.com/p/AgLB

По вторпат во рок од пет недели, американската министерка за надворешни работи, Кондолиза Рајс отпатува на разговори на Блискиот исток. Прва нејзина станица е египетскиот град Асуан, каде за заживување на блиско-источниот мировен процес ќе разговара со шефовите на држави на Египет, Јордан, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. По средбата во Египет ќе следат разговори на Рајс со Израелците и Палестинците. Во моментов на турнеја во регионот е и генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун.