1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Блиско источниот квартет во нова дипломатска офанзифа

3 февруари 2007

Блиско источниот квратет, кој постои веќе пет години, и кој пред четири години го инциираше мировниот план Роаудмап, досега речиси постојано засенет од насилствот на Блискиот исток. По повеќемесечна пауза квартетот вчера се сретна во Вашингтон, овојпат засенет од борбатат за превласт меѓу Фатах и Хамас.

https://p.dw.com/p/Adtf
Газа
ГазаФотографија: AP

Меѓународната заедница под водство на САД го заживува процесот за решение на блиско источниот проблем. По пауза од неколку месеци високо рангирани политичари од САД, Русија, ЕУ и ОН се сретнаа во Вашингтон. Во заедничката изјава на групата се нагласува нејзиниот ангажман за процес со цел формирање палестинска држава. Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс истакна „Палестинскиот народ веќе долго време чека на сопствена држава, и израелскиот народ веќе долго чека на мирот и стабилноста, која би се постигнала со демократски и мирољубив сосед. Затоа не сакаме уште долго да чекаме за да развиеме политички хоризонт за двата народа.“

генерланниот секретар на ОН Бан Ки Мун на ова дополни „Квартетот е речиси единствен, да поддржаува вакви напори, насочени кон процесот за завршување на опсадата што почна 1967 година. Целта е формирање демократска, независна и способна палестинска држава во мир и безбедност со Израел.“

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнамер на состамнокот во Вашинготн пак појасни дека ЕУ за време на германското претседателство ќе се сконцентрира на тоа да се одбегне хуманитарна катастрофа во палестинсите области и да пружи економска помош за обнова „Спроведувањето на двете работи со оглед на насилничките судири е отежнато, затоа сега ќе се обидеме да се обноват условите за економската обнова и подобрувањето на животните услови.“

Франк Валтер Штајнмаер го повика Блиско источниот квартет на нови разговри во Берлин.