1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Блисток мина, Балканот на тапет

11 март 2006

Министрите за надворешни работи на Европската унија својата неформална дводневна средба во салцбург ја започнаа со драматично предупредување за претстојниот финансиски колапс на палестинските подрачја.

https://p.dw.com/p/Ac8G
Пласник и Солана
Пласник и СоланаФотографија: AP

Унијата нема многу можности да ја продолжи помошта без директна соработка со влада водена од радиклано –исламската организација Хамас. Истовремено е уптаен апел до Хамас да се откаже од насилството и да го признае Израел. На дневен ред беше и спорот со Иран околу неговата атомска програма. Денеска тема на средбата се односите со земјите од Западен Балкан:

Министрите засега барем, воопшто не сакаат да зборуваат за санкции против Иран. Британскиот шеф на дипломатијата Џек Стро на таа тема изјави:

„Подобро да одиме чекор по чекор„.

Сега е на потег Советот за безбедност каде што ќе се водат суштински разговори.

И на тема Блиски исток, Унијата трага по напредок преку преговори. Германскиот министер Франк Валтер Штајнмајер ги повтори критериумите на ЕУ од јануари за соработка со Хамас:

„Откажување од насилството, признавање на Изарел, почитување на досега постигнатиот напредок во мировниот процес. Досега не може да се види никакво приближување кон кој и да е од овие критериуми„.

Денеска на програмата е средба на европските министри со нивните колеги од земјите на Југоистчна Европа и Турција. Цел на средбата е анализата на реализацијата на целите од Солун кога Европската унија во 2003 година им даде перспектива за членство на сите земји од регионот. Во најавата на денешниот состанок, австриската шефица на дипломатијата Урсула Пласник изјави:

„Една од темите за кои постојано разговарам со своите колеги е олеснувањето на визниот режим за граѓаните од Југоисточна Европа. Свесни сме дека од нас се очекува порака што посебно ја очекуваат младите од регионот„: Таа изјави дека се погрешни очекувањата дека Европската унија целосно ќе ги укине визите за сите граѓани од регионот. Што се однесува до Црна Гора и Косово, Пласник изјави:

„Ние во Европската унија треба да дадеме знак на поддршка и охрабрување и да ја нагласиме нашата ангажираност за исполнување на ветувањата„.

На крајот од првиот ден сепак ударна вест беше изјавата на британскиот министер за надворешни рабти Џек Стро кој рече дека независноста на Косово е скоро незибежна и дека тоа е реалност што Србија треба да ја прифати. Специјалниот претставник на Унијата за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана пак, прашан за напорите на новиот косовски премиер Агим Чеку кој ги повика косовските Срби да се вклучат во власта, одговори:

„Го познавам господин Чеку и знам дека не е најценетата личност во Белград и затоа ќе бидат потребни напори со концентрација врз исполнувањето на стандардите. Ако Чеку тоа не го направи на решителен начин, тогаш ќе се најде пред тешкотии„.