1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Богатите земји ја фрлаат храната!

24 декември 2009

Во Велика Британија неодамна беше објавена книга со наслов „Отпад, разоткривање на глобалниот скандал со храната“. Во неа експертите предупредуваат да не се фрла бесмислено храната.

https://p.dw.com/p/LC8c
Во европските земји 30 до 50 проценти од граната завршува во отпадФотографија: AP

На влажната трева во дворот на универзитетот за ориентални и африкански студии, еден од најдобрите универзитети во Лондон, седат околу четириесетина студенти и се подготвуваат за пикник: „Кускус со кукурма зачин, како додаток моркови и грашок, а како предјадење имаме суши“, објаснува една девојка. Бифето звучи многу вкусно, но најважно е што се` е бесплатно: „Имаме и цел куп сендвичи, што ги зедов вчера од едно кафуле во Лондон. Освен тоа, зедов и огромна кутија полна со кашкавал, што ја оставиле пред вратата на еден супермаркет, бидејќи му истекол рокот на траење, но сепак може уште да се јаде“, објаснува ова младо момче.

Студентите самите се нарекуваат „фригенс“, што во превод би значело - луѓе што собираат од ѓубре. Тие не се срамат да спречат некое јадење да биде фрлено во отпад. Овој акт на протест кај младите против општеството, во кое се фрла многу храна, е особено омилено кај сиромашните студенти: „Секое британско домаќинство во просек фрла прехранбени производи од околу девет евра неделно, предупредува британскиот премиер Гордон Браун. Глобалната криза со исхраната бара глобално решение. Но, не би било лошо, кога во сопствената земја би предничеле со добар пример“, изјави британскиот премиер.

30 до 50 проценти од прехрамбените производи завршуваат во отпад

Metro Future Store
Различни понуди ги мамат муштериите да купат и тоа што не им требаФотографија: AP

„Речиси една милијарда луѓе во светот гладуваат. Само со она што го фрлаат богатите може да се прехранат овие луѓе дури повеќе од четири пати. Драгоцени ресурси се уништуваат и се испуштаат уште повеќе штетни гасови во атмосферата. Освен тоа, се уништуваат се` повеќе тропски шуми за да можат да се произведат уште повеќе прехранбени производи, за на крајот залудно да се фрлат, вели Тристрам Стјуард, апсолвент на елитниот универзитет Кембриџ и автор на книгата „Вејст“.

Тристрам Стјуард седи во мензата и замислено го меша своето кафе. Во последните 40 години храната во западните земји поефтини, нагласува тој. Истовремено, со многу брзо темпо се создаде урбано општество и луѓето се одалечија од земјоделскиот производен процес. Затоа сега супермаркетите го имаат главниот збор. Тие сочинуваат една четвртина од вкупниот број продавници со прехрамбени производи во Велика Британија: „Менаџерите на големите концерни, со кои разговарав, делумно признаваат дека прехрамбените производи ги користат како божиќна декорација. Тие ги преполнуваат магацините, со цел рафтовите во продавниците да бидат секогаш полни. Дека може да биде и поинаку, покажа веќе еден супермаркет во Лондон. Лиферантите на сендвичи треба да го фрлат првото и последното парче леб. Дневно тоа се 1.300 парчиња леб. Порано, овој леб завршуваше во отпад. Сега, барем им се дава на животните како храна“, објаснува Стјуард.

Купи две, плати едно

Möhren
Зеленчукот треба да биде пред се’ убав за окоФотографија: Bilderbox

Специјални понуди како „купи две, плати едно“ придонесуваат луѓето да купуваат и работи што не им се потребни, вели Тристрам Стјуард. Освен тоа, се користат и козметички критериуми, кои најчесто се многу построги од правилата на ЕУ: „Кога во продавница ќе видиш полна гајба перфектно прави и долги моркови, тогаш помисли на тоа дека земјоделецот морал да фрли околу 30 проценти од својата берба моркови, затоа што не биле прифатени во супермаркетите.“

Тристам Сјуард ги критикува и рестораните и кафулињата во кои се сервираат се` поголеми порции јадење, што луѓето не можат да го изедат, а потоа се фрла. Би било погрешно да се мисли дека супермаркетите прекумерните прехранбени производи ги даваат како помош за луѓето, но храната најчесто е расипана и во неа има отров или некаква боја.

Но, не само во богатите, туку и во сиромашните земји бесмислено се фрлаат прехранбени производи, вели Тристан Сјуард: „Во Пакистан дури 40 проценти од храната се расипува уште пред да дојде на пазарот. Најчесто таа се складира во магацини и ладилници. Но, ние на Западот знаеме како да се решат овие проблеми. Доколку навистина сакаме да им помогнеме на земјите во развој, треба да ги научиме на друга техника, за да не се сечат уште повеќе шуми, да не се копаат уште подлабоки бунари и да не се уништува уште повеќе животната околина.“

Автор: Рут Рах / Бисера Огњановска Митров

Редактор: Жана Ацеска