1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Божик во Германија и во светот

25 декември 2005

Божик и во Германија беше пречекан на традициналниот начин, со посети на катедралите и помалите цркви на полноќ во кои беа одржани свечени миси во чест на раѓањето Христово.

https://p.dw.com/p/AcAK

Највисоките претставници на големите христијански цркви во Германија повикаа на мир во светот и повеќе солидарност меѓу луѓето. Секој поединечно е поивикан да придонесе за заедницата според своите способности, рече претседателот на католичката бискупска конференција на Германија кардиналот Карл Леман. Претходно во разговор за Дојчланд Радио, Леман ја поздрави тенденцијата на луѓето да му се вратот на духовното, иако тоа автоматски не значи и враќање кон христијанството:

„Во никој случај не смееме да ја пропуштиме таа шанса. Ова е единствена можност да бидеме поотворени и подготвени да ја засилиме свеста за христијанството, но тоа треба да се прави многу дискретно„.

Претседателот на советот на евангелистичката црква, бискупот Волфганг Хубер во неговата божикна порака побара повеќе човечност и ги предупреди менаџерите и фирмите да водат поголема грижа за вработените.

Во полноќната миса во Црквата на раѓањето во Витлеем, патријархот на Еусалим, Михаел Сабах ги повика Израел и Палестинците да прекинат со секакво насилство. Обете страни треба да го остават минатото зад себе и да обезбедат нова иднина, изјави патријархот пред десетици илјади верници и туристи во градот во кој според Библијата е роден Исус Христос. На прославата учествуваше и палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Со божикна порака преку радиото до своите сограѓани се обрати и американскиот претседател Џорџ Буш:

О-Тон Буш

„Овој Божик се сеќаваме на нашите сограѓани што настрадаа во ураганите и во други несреќи што ја погодија нашата земја во изминатата година. Се молиме за нивна сила за заздравување и обнова на нивните животи и на местата каде што живеат„.

Буш потсети и на луѓето што се наоѓаат во армиските редови:

„Тие ја чуваат нашата нација и ја бранат слободата во светот. Во Ирак, во Авганистан и на други места, тие ја бранат нашата слобода со чувањето на слободата на другите и сите Американци се горди на нивната храброст и решителност„.