1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Божик - време за размислување каде оди светот

25 декември 2007

Oчите на јавноста без завртени кон Ватикан во очекување што ќе каже папата Бенедикт 16. Тој се пожали што човештвото премногу е окупирано со себе,упати критики поради уништувањето на планетата

https://p.dw.com/p/Cg2w
Папата Бенедикт 16 не се воздржа од критики на сегашните збиднувања во светотФотографија: AP

Тој не се воздржа да упати критики поради уништувањето на планетата преку злоупотребата на природните енергетски извори и безмилосното црпење на природните ресурси. Освен тоа, Бенедикт 16 запраша:„Имаме ли време за ближниот кому му требаат нашиот збор и внимание? За оние што страдаат и имаат потреба од помош? За протераните или оние без татковина кои бараат засолниште„? Тој се пожали што човештвото премногу е окупирано со себе. Раѓањето Христово во штала е симбол за таквата ингноратност. Денеска во Рим тој ќе ја упати Божикната порака „Орби ет орби„ до целиот свет.

Во местото на христовото раѓање Витлеем, во синоќешната миса, латинскиот патријарх Мишел Сабах повика на мир и љубов на Блискиот исток и на независност за Палестинците. „Оваа земја божја не може за едни да биде земја на живот, а за други на смрт, изолација, окупација и политички затвор„, изјави највисокиот црковен претставник на католичката црква во светата земја. Сабах, кој и самиот е Палестинец, истовремено го критикуваше религиозно мотивираното насилство. Веќе при доаѓањето во Витлеем, тој ги критикуваше граничните контроли меѓу Израел и Западниот брег. Низ една од нив мораше и самиот да мине.

Weihnachtsmesse in der Geburtskirche
Латинскиот патријарх Сабах во ВитлеемФотографија: picture-alliance/dpa

„Светата земја денес е земја на војна и конфликти, земја во која се понижува еден народ од раката на друг„, изјави Сабах. „Бог сакаше оваа земја да биде земја за сите – Евреите, Христијаните и Муслиманите„, подвлече тој.

Со надеж во мир по Блискоисточната конференција во Анаполис, оваа година и покрај граничните контроли, во Витлеем за Божик дојдоа многу повеќе верници и туристи. Се проценува дека ги има околу 20 илјади, што во споредба со минатата година е повеќе за 50 проценти.

Благостојбата на децата годинава е главната тема во божикните пораки на католичките и евангелистичките бискупи во Германија. Претседателот на советот на евангелистичката црква Волфганг Хубер изјави дека Божик со раѓањето на Христос токму детето го стави во центарот. Тоа значи токму на децата да им се посвети посебно внимание. Според мислењето на кардиналот од Берлин Георг Штерцински, општеството и црквата имаат иднина само ако ги ценат децата и во нив да гледаат подобро време. Бискупката Маргот Кесман ја повика црквата повеќе да се ангажира против сиромаштијата кај децата и предложи основање фонд за образование.