1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Божик низ песна

30 декември 2008

Децата во Франција ги оставаат чевлите пред врата; православниот свет Божикот го слави во јануари; во Африка Дедо Мраз танцува на плажа. Божик се слави различно, но, песните му даваат единствен белег на празникот.

https://p.dw.com/p/GP7L
Божик насекаде значи голем празникФотографија: AP

Божик во разни делови на светот се прославува различно, во согласност со тамошната традиција и обичаите. Па оттука не изненадува ниту разноликоста и мноштвото песни испеани за овој празник; од црковни песни па се’ до модерни рок и поп балади. Од Финска, преку Австралија до Африка, Божикните песни и евергрини се слушаат насекаде.