1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Божик носи профит

20 декември 2011

Божик е најважниот термин за германската трговија на мало. Трговците годинава се скептични и не се сигурни дали профитот ќе биде онолку добар како што се надеваат. Претпазливите прогнози велат - ќе има плус од 1,5%.

https://p.dw.com/p/13Vuv
Фотографија: picture alliance/dpa

На еден од викендите пред Божик во секој од трговските центри во Берлин доаѓаат по околу сто илјади луѓе. За трговијата на мало тоа е најважното време во годината - околу една петтина од профитот се прави во ноември и декември. Но, дали овие месеци годинава ќе бидат исто така добри како минатата? Трговците на мало се скептични. Кај Фалк, раководител на Сојузот на германската трговија, вели:

„Нашата прогноза ја направивме претпазливо. Значи за Божик прогнозиравме пораст на профитот од 1,5 проценти и притоа, се разбира, имавме предвид дека рамковните услови за потрошувачката во моментов се малку несигурни.“

Тоа значи дека должничката криза се чувствува и во паричниците на потрошувачите. Германците, во просек, имаат намера годинава да потрошат четири евра помалку отколку лани:

„За децата ќе потрошам по околу 20 евра за секое“, вели еден маж, додека пак друга жена одговара: „Сто евра за секого“.

Weihnachtseinkauf in Rostock Flash-Galerie
Фотографија: picture alliance/dpa

На прво место на најомилените подароци и годинава се книгите. Книжарниците се надеваат дека во божикниот период ќе направат обрт од околу една милијарда евра. Омилени се и конзолите за компјутерски игри и таблет-компјутерите. Најмногу продавано слатко пред Божик се разбира е - чоколадниот Дедо Мраз.

Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!

Автор: Рајна Бројер / Е. М. Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска