На плажата на Лас Палмас на шпанскиот остров Гран Канарија веќе 14 години со ред се одржува фестивал на песочни скулптури, а посебно во фокусот се сцени од Божиќ, раѓањето на Исус Христос. Вредните раце на уметниците создаваат навистина впечатливи дела, на радост на туристите, но и мештаните.