1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Боливиски новинар жив запален

БГ/ббс/афп30 октомври 2012

Непознати напаѓачи го запалиле новинарот додека во живо водел програма во радио-станица. Сомневања дека нападот можеби имал политичка позадина

https://p.dw.com/p/16ZH2

Радио новинар во Боливија бил нападнат од непознати напаѓачи додека во живо водел програма во градот Јасуиба на југот на земјата. Четворица напаѓачи влегле во просториите на радио-станицата и го полиле презентерот со бензин, а потоа го запалиле. Репортерот со тешки изгореници е пренесен во болница, а уште двајца негови колеги се повредени во нападот. Според извештаите од Боливија, новинарот известувал за корупција во редовите на царината во државата во моментите кога се случил нападот, а неретко и жестоко ги критикувал локалните власти. Според очевидци, напаѓачите фрлале и молотови коктели врз радио-станицата.

Министерот за внатрешни работи на Боливија вети дека ќе преземе сериозна истрага за нападот во градот кој се наоѓа на околу 700 километри од главниот град Ла Паз. Локалните медиуми јавуваат дека полицијата уапсила тројца од напаѓачите, но информацијата засега не е потврдена.