1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Болтон се повлекува

5 декември 2006

Американскиот амбасадор во ОН Џон Болтон поднесе оставка. Соочен со противење на повеќето клучни сенатори, Болтон одлучил да се повлече во наредните денови соопшти Белата Куќа. Претседателот Џорџ Буш и неговите колеги во светската организација изразија жалење

https://p.dw.com/p/AdvG
Џон Болтон
Џон БолтонФотографија: AP

Американскиот претседател Џорџ Буш со незадоволство ја прифати одлуката за повлекување на Џон Болтон.

“ Ја прифатив неговата оставка и не сум среќен поради тоа. Мислам дека тој заслужи да биде реизбран. Причина за тоа е одличната работа која тој ја заврши за земјата. Сакам да му заблагодарам за работата што ја заврши“ рече Буш

Генералниот секретар на ОН Кофи Анан по веста за повлекувањето на Болтон изјави:

“Амбасадорот Болтон го работеше она што се очекуваше од него. Тој дојде во време кога имаше многу тешки прашања, од реформи до Иран и Северна Кореа. Мислам дека како претставник на американската влада, тој работеше согласно инструкциите и се обидуваше да работи колку што е можно поефикасно“ рече

Дел од неговите колеги во светската организација жалат за неговото повлекување:

“ Бевме блиски соработници и верувам дека тој е добар работник и затоа жалам што тој ќе се повлече“ изјави кинескиот амбасадор Ванг Гуангја

Во сличен тон е и реакцијата на јапонскиот амбасадор во ОН Кензо Ошима:

“ Исто така сум благодарен за поддршката која тој постојано и ја даваше на Јапонија. Жалам што морам да го видам како заминува, но се разбира тоа е негова одлука. Ќе ни недостасува во ОН и во советот за безбедност“

Белата Куќа минатиот месец повторно поднесе предлог за именување на Џон Болтон, но со оглед на фактот дека демократите освоија мнозинство во двата дома на Конгресот, шансите за негов повторен избор беа многу мали. На функцијата во ОН тој беше именуван во август 2005 година.