1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бомбашки напад во Анкара

Исмет Кочан23 мај 2007

Сеуште никој не ја презеде одговорноста,а властите се сомневаат во курдската терористичка организација ПКК

https://p.dw.com/p/Anrt
Фотографија: AP

Турција е на нозе по синоќешниот терористички напад во главениот граед Анкара во кој шест лица го загубија животот,а повеќе од 100 се ранети.Се стравува дека бројот на жртвите може да биде и поголем,бидејќи 16 луца од ранетите се во критична состојба.Експлозијата за која уште не е утврдено дали се случила од бомба подметната во пакет или живабомба,се случила синоќа околу 19 часот во еден од најпрометните делови на Анкара,меѓу една автобуска постојка и трговски центар.Експлозијата предизвика големо вознемирување во турската јавност,која веќе две недели е во предизборна треска предизвикана од одлуката на турското Собрание за одржување предвремени парламентарни избори,кои се закажани за 22 јули оваа година.

Синоќа на местото на експлозијата излегоа речиси сите лидери на водечките политички партии.Претседателот Агмед Неџет Сезар го осуди подмолниот напад,а премиерот Реџеп Таип Ердоган истакна дека е потребно уште поголемо сплотување во борбата против тероризмот.Истовремено началникот на Генералштабот на турската армија генерал Јашар Бујуканет предупреди на опасност од нови терористички напади во други поголеми градови.Според првите резултати на истрагата,утврден е опис на две сомнителни лица кои со бел автомобил биле видени синоќа на местото на елсплозијата,меѓутоа сеуште не се знае која терористичка организација стои зад нападот.За да го оневозможи популаризирањето на вакви терористички акции во предизборниот период,Вториот анкарски казнне суд донесе забрана за весниците и телевизите да не објавуваат снимки и фотографии од местото на експлозијата.