1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бомбашки напад во Бејрут

5 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/AoSl

Во бомбашки напад во христијанска населба во либанскиот главен град се повредени најмалку десет лица. Според полицијата во Бејрут, експлозивот бил подметнат во автобус. Во меѓувреме се проширија и судирите меѓу армијата и бунтовниците во палестинскиот камп на југот на земјата. Во борбите загинале двајца војници. Продолжува и воената офанзива врз палестинскиот камп во северен Либан.