1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борба против коронавирусот во Европа - кој е најуспешен?

Ане Хен | Теса Клара Валтер
27 ноември 2021

Германија се наоѓа среде четвртиот бран на коронавирус, а ништо подобро не е ни кај многу европски соседи. Само на југот на Европа, вирусот, засега, е уште под контрола

https://p.dw.com/p/43N3y
Slowakei Gesundheitsminister Marek Krajci lässt sich gegen Corona impfen
Фотографија: dpa/TASR/picture alliance

Холандија безредија дури и на фудбалски стадиони

Сѐ до викендот (21/22.11.2021) СК Камбур Леуварден во насловите во медиумите беше познат првенствено во позитивен смисол. По стартот во Првата холандска фудбалска лига, клубот го дочека ФК Утрехт. Но, тогаш некои насилни навивачи, кои не смееле да влезат на стадионот поради мерките воведени поради коронавирусот, упаднаа на терен фрлајќи пиротехнички средства, натпреварот беше речиси откажан. Леуварден не е изолиран случај, во Енсхеде, Гронинген, Хаг и  Ротердамнеколку вечери по ред избиваа насилни протести против корона-мерките.

Насилниците фрлаа камења врз полицијата, палеа автомобили, дивееја по улици, имаше преку 140 уапсени. Во Холандија делумниот локдаун е повторно во сила од 13 ноември поради зголемениот број заразени со коронавирус. На граѓаните им е дозволено среќавање со најмногу уште четири лица во своите станови, вработените треба да работат од дома ако е тоа можно, продавниците затвораат порано.

Niederlande - Corona-Protest
Насилни протести против епидемиолошките мерки во РотердамФотографија: Sven Simcic/REUTERS

Белгија противниците на антикорона мерките пеат протестна химна

„Бела чао" е италијанска протестна песна која стана химна на италијанските партизани во борбата против Мусолини и Хитлер во текот на Втората светска војна. Песната ја слави храброста и отпорот на борците за слобода, а противниците на антикорона мерките во Белгија, вклучувајќи ги и десничарските екстремисти, ја презедоа песната и ја интонираа „Бела чао" пред седиштето на ЕУ во Брисел.

Ситуацијата во главниот белгиски град исто така ескалираше: демонстрантите фрлаа камења и чадни бомби, полицијата одговори со солзавец и водени топови. Во Белгија на невакцинираните лица не им е дозволен влез во барови и ресторани, а вработените, по можност, треба да работат од дома најмалку четири дена неделно. Белгија исто така ја проширува кампањата за вакцинирање на деца од пет до единаесет години.

Словачка празникот „Кадифена револуција“ ден на протест против корона

На 17 ноември 1989 година, една недела по падот на Берлинскиот ѕид, илјадници студенти протестираа во Прага, главниот град на тогашна Чехословачка, за повеќе слободи и крај на комунистичкото владеење, почеток на т.н. Кадифена револуција. 32 години подоцна, на државниот празник, демонстранти во  Словачка ја истурија својата фрустрација поради владината политика во поглед на коронавирусот.

Ни половина од населението не е целосно вакцинирано, а владата сега реши да воведе локдаун за невакцинираните. Оние кои не се вакцинирани или излечени, значи половина земја, не смеат да учествуваат во масовни манифестации, ниту да посетуваат ресторани, хотели или трговски центри. Во болниците се останати слободни само неколку стотини кревети, се заканува вонредна ситуација.

Австрија десничарите се мобилизираат против локдаунот

Херберт Кикл и самиот боледува од Ковид-19, но тоа не го спречува шефот на деснопопулистичката Слободарска партија на Австрија да преземе водство во протестното анти-корона движење. „Од денес  Австрија е диктатура“, изјави Кикл по владината одлука од 22.11.2021 да воведе четврти по ред локдаун во целата земја, за сите граѓани.

Карантнот ќе биде во сила три недели, до 13.12., а мерките ќе продолжат на неодредено време за невакцинираните. Затворени се музеите и кината, луѓето смеат да ги напуштаат домовите само од оправдани причини, отворени се само училиштата. Но, родителите одлучуваат дали ќе ги испратат децата во училиште, или ќе следат настава онлајн. Полицијата е должна внимателно да го следи придржувањето кон правилата.

Португалија војската ја направи земјата првак во вакцинирање

На почетокот на 2021 година малкумина го познаваа Хенрике Гуве Мело. Денес целата земја го почитува овој 61-годишен морнарички офицер. Тој од февруари е на чело на кампањата за вакцинирање, со војнички зборови и во уноформа го подготви населението за борба против коронавирусот. „Велат: ние против коронавирусот. Ќе се борите ли во нашите редови? Тогаш мора да се вакцинирате!“, порача тој.

Неговиот успех докажува дека е во право: во Португалија веќе 88 % од граѓаните примија прва доза вакцина, со што земјата е првак во Европа. Кај постарите од 12 години процентот изнесува дури 98. Здравствените власти преку СМС пораки активно испраќаа термини за вакцинирање, најмалку три повици на жител. Но, инциденцата исто така е во благ пораст, поради што во Португалија повторно се дискутира за  обврска за носење маски на отворено.

Шпанија победа над вирусот можеби напролет?

Шпанија е корона-оаза, барем така велат шпанските медиуми. Премиерот Педро Санчез, кој долго беше критикуван поради корона-политиката, изјави: „Опозициските политичари кои досега гласно викаа, сега молчат.“ Санчез пред своите приврзеници во туристичкиот цен

Weltspiegel 26.7.21 | Spanien Polizei kontrolliert die nächtliche Ausgangsperre in Benidorm
Во Бенидорм полицијата во јули уште го контролираше полцискиот час, ситуацијата сега е сменетаФотографија: Eva Manez/REUTERS

Во Шпанија се целосно вакцинирани 98 % од здравствените работници, околу 90 % од медицинските сестри. Тие од прва рака го доживеаја драматичниот почеток на пандемијата: целосно претрупани болници во Шпанија и старечки домови во кои еден по друг умираа стари луѓе. Шпанците исто така не мора сами да се грижат за дополнителна вакцина: предлози за термини добиваат по СМС или Ватсап. Бидејќи бројките пак полека растат, многу региони во Шпанија сакаат да воведат корона-пасош за ноќен живот, успешен модел од Мајорка.