1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борбите во Газа продолжуваат

14 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/Awdv

Претседателот на Палестинците Махмуд Абас денеска ќе даде изјава по однос на состојбата во автономните области. Се очекува дека е можно да прогласи крај на владата на национално единство меѓу Фатах и Хамас. Поради нападите на борците на Хамас минстирите на Фатах не учествуваат во работата на кабинетот. Досега при борбите меѓу приврзаниците на двете партии убиени се повеќе од 70 лица. Борбите во градот Газа продолжуваат и денеска. Претседателот Абас и премиерот од редовите на Хамас Исмаил Ханија повикаа на сопирање на насилството. Советот за безбедност врши консултации околу можностите за испраќање на мировни трупи.