1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борби и на истокот на Либан

2 август 2006

Продолжуваат жестоките борби меѓу израелската армија и Хезболах. Големи борби се водат на истокот на Либан кај градот Балбек кој се смета за упориште на шиитските милиции.

https://p.dw.com/p/Ac4T
Израелски војник
Израелски војникФотографија: AP

Израелски командоси ноќеска киднапирале тројца членови на Хезболах во источниот град Балбек длабоко во територијата на Либан. Израелските специјалци се спуштиле со хеликоптер во близина на болница во градот, ги грабнале милитантите и ги однеле во Израел. Очевидци велат дека се воделе жестоки борби околу четири часа. Израелските хелокоптери исфрлиле дожд од куршуми.

Во акцијата загинале најмалку 12 цивили. Хезболах соопшти дека се работи за тројца ниско рангирани членови и дека и тие ликвидрале тројца израелски војници. Во меѓувреме израелскиот кабинет наложи армијата да навлезе и до седум километри во Либан. Неколку илјади израелски војници се распоредени долж границата со Либан. Дополнителните трупи веќе вчера навлегле на либанска територија како поддршка на претходницата која три дена води копнени борби, соопшти извор од израелската армија. Израел има намера што може повеќе да му нанесе штета на Хезболах пред да мора да попушти пред дипломатскиот притисок на меѓународната заедница.

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс се уште стои на ставот дека е можно примирје до крајот на неделава. „Многу е можно тоа да се случи неделава. Зборуваме за денови, а не за недели“,категорична е Рајс. И израелскиот премиер Олмерт го промени ставот па зборуваше за политички процес кој ќе води до прекин на огнот, „но под сосема поинакви услови од досега“, бидејќи Хезболах претрпел огромни загуби во досегашната офанзива. Сепак не спомена временски рок за тоа. Неколку члена на израелскиот кабинет претходно изјавија дека нема да има прекин на офанзивата се додека не се стационираат меѓународните мировници во Либан.