1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борби меѓу Хамас и Фатах

16 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag3t

Во најновите борби меѓу ривалските палестински организации Хамас и Фатах во појасот Газа, загинаа најмалку 16 лица. Според информациите на локалните лекари, најмалку десетмина од убиените се полицајци што му припаѓаат на Фатах. Во меѓувреме, Хамас изврши и ракетен напад врз израелскиот пограничен град Здерот при што се ранети дваесетина Израелци. За возврат израелски авиони бомбрадираа цели на север од појасот Газа. Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун изрази загриженост поради новата ескалација на насилство.