1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борусија Менхенгладбах се искачи на табелата во Бундеслигата

АМ/миа/дв20 април 2013

Борусија Менхенгладбах победи на домашен терен со 1:0 против тимот на Аугсбург, тимот кој има најлош учинок во првиот дел од сезоната. Со тоа Борусија Менхенгладбах се искачи на шестото место на табелата.

https://p.dw.com/p/18Jot
Фотографија: picture-alliance/dpa

Во фудбалскиот шампионат на Германија синоќа се одигра првиот дуел од 30-то коло на кој Борусија Менхенгладбах со 1:0 го совлада Аугсбург. Стрелец на единствениот гол за домаќините вреден три бода беше Филип Демс во 27-та минута од пенал.

Со оваа победа Борусија Менхенгладбах се искачи на шестата позиција на табелата со 44 бодови, додека Аугсбург остана на 16-то место со 27 бода. Овој тим се смета за најлошиот тим во Германија во првата половина од сезоната. Тренерот на Аугсбург Маркус Вајнцирл по мечот изјави дека пеналот можел да биде досуден, но оти е претерано досудувањето црвен картон за Кевин Фогт, поради повлекување за рака на Пениел Млапа.

На останатите натпревари од 30 коло ќе играат:

(денеска)

Борусија Дортмунд - Мајнц, Бајер Леверкузен - Хофенхајм, Хановер - Бајерн Минхен, Хамбургер – Фортуна Дизелдорф, Ајнтрахт - Шалке, Вердер Бремен – Волфсбург;

(утре)

Штутгарт - Фрајбург и Нирнберг - Гројтер Фирт.

На табелата Бајерн Минхен има 78 бодови, Борусија Дортмунд 58, Бајер Леверкузен 50, Шалке 46, Фрајбург 45, Борусија Менхенгладбах 44, Ајнтрахт 42.