1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Босанците се борат со снежниот хаос

14 февруари 2012

И покрај тоа што зимата во Германија е тешка, сепак не дојде до хаос поради снегот. Во многу други земји ситуацијата е поинаква, пред се’ во Источна Европа. Таков пример е БиХ.

https://p.dw.com/p/1431m
Фотографија: picture-alliance/Jonathan Katzenellenbogen

Битка против хаосот предизвикан од снегот. Студенти - волонтери во босанскиот главен град Сараево копаат пред дом за слепи лица.

„Се организиравме преку Фејсбук и мејл минатиот петок и ја спроведуваме нашата акција неколку денови“, вели Харис Мусиновиќ, доброволец во акцијата за чистење на снегот.

Луѓето помагаат, бидејќи властите во Босна, како и во другите балкански земји, се беспомошни во справувањето со снежните наноси.

Училиштата и градинките остануваат и неделава затворени. Во ноќните часови се прекинува доставата на вода. А, сега и струјата е дефицитарна. Од понеделникот се ограничени испораките во фабриките.

Strommast Winter Schnee Eis Kälte Baum Windrad
Ограничена е и испораката на струја до некои фабрикиФотографија: Fotolia/Reinhold Föger

„Многу села се отсечени од надворешниот свет. Речиси никој не се грижи за луѓето што се таму – на старите, болни и изнемоштени да им однесе храна или лекови“, вели еден жител на Сараево.

Враќање на спомените за солидарноста

Останува единствено самоиницијативноста. Студентите кај домот за слепи лица се сетија на неволјата од нивното детство, во босанската војна во 90-тите години.

„Тогаш за време на кризата луѓето во Сараево исто така застанаа едни покрај други. Можеме заедно да работиме, како овде денеска“, забележува Ирфан Ценгиќ, кој исто така доброволно го расчистува снегот.

Но, ова не може да ги превенира смртните случаи. Одреден број луѓе веќе починаа во Босна, а речиси 50 на целиот Балкан.

Босанските власти стравуваат дека можеби има повеќе жртви, пред се’ во селата кои во моментов се целосно отсечени од надворешниот свет.

Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!

Автор: Марион Хофман / Александар Методијев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска