1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Босна и Херцеговиа ги почна преговорите за СиА со ЕУ

25 ноември 2005

Денешниот старт на преговорите, што се совпадна и со државниот празник на земјата, во Сараево свечено го објави еврокомесарот за проширување Оли Рен.

https://p.dw.com/p/AcB1
Еу и го отвори патот и на БиХ
Еу и го отвори патот и на БиХФотографија: AP

,, Денешниов ден отвара нова фаза во релациите меѓу Еу и Босна и Херцеговина. Почеѕтокот на преговорите за СиА е докаѕ за вашиот успех,, “, рече еврокомесарот Рен на свечената церемнонија во главниот град на земјата.

,, Ова е прв чекор во патувањето кое ќе ја одведе БиХ кон Европа,, изјави честитајќи им на граѓаните во земјата британскиот амбасадор во Сараево Метју Рајкрофт, чија земја претседава со Европската Унија.

,, По Дејтон, вашата земја постојано оди во вистинската насока кон Европа. Во ваши раце е колку тој пат ќе биде брз, а ние сме тука да помогнеме онолку колку што можеме,“ рече Рајкрофт.

Тој ги повтори четирите приоритети што пред три дена, министрите за надворешни работи на ЕУ и ги предочија на БиХ како услов за натамошното евроинтегрирање, а тоа се развивање на државните институции, реформи во полицијата, донесување закони за јавниот РТВ сервис како и потполна соработка со Трибуналот Во Хаг.

Високиот претставник на МЗ за БиХ, Педи Ешдаун, пак, искажа пофални зборови:

,, Десет години по војната, БиХ толку се трансформираше што ЕУ го поддржа почетокот на преговорите за стабилизација и асоцијација,, рече Ешдаун наглсувајќи дека не е случајно што земјата го стартува евроинтегративниот процес на Денот на државноста. Според него, тоа е позитивен сигнал за странските инвеститори дека БиХ е отворена за бизнис и дека ќе се зголеми бројот на работните места во земјата.

Босна и Херцеговина е последна од петте земји од Западниот Балкан која почнува преговори за стабилизација и асоцијација со ЕУ.

Во најдобар случај преговорите би требало да завршат до октомври идната година, непосредно пред парламентарните и претседателските избори во земјата. Во меѓувреме, треба да се испеглаат уставните амандмани за кои изминатите денови се видеа преговори во Вашингтон, а кои што треба да ја направат земјата пофункционална.