1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Браќа близнаци претседател и премиер на Полска

11 јули 2006

Браќата близнаци Качински во Полска ги делат највисоките функции на државата и владата.

https://p.dw.com/p/Ae0D
Лех и Јарослав Качински
Лех и Јарослав КачинскиФотографија: AP

Претседателот Лех Качински го именуваше неговиот брат Јарослав за нов премиер. Промена на кабинетот е нормална појава во демократските држави рече Лех Качински, со оглед на невообичаената ситуација, да му даде мандат на својот сопствен брат. Само неколку часа претходно остака поснесе досегашниот премиер Кажимјерш Марчинкијевич

Во претседателската палата беше мирно кога во неа влезе Кажимјерш Марчинкијевич, за последен пат како премиер. Марчинкијевич имено и формално требаше да му ја предаде својата оставка на претседатедлот Лех Качински. Како причина за оставката се наведува фактото дека постоеле разлики меѓу претседателот и премиерот, покрај другото и во економската политика.

Но додека Марчинкијевич ја предавапше својат оствака, на аудијенција кај својот брат претседател веќе чекаше наредниот полски премиер Јарослав Качински „Тоа е прекрасна и достоинствена одлука на Марчинкијевич, која заслужува не само благодарност туку и највисоко признание. Јас сум горд што овој способен политичар, кој има голема иднина пред себе е член на мојата партија „Право и праведност“

Според последните анкети очекувањата на јавноста не се големи. Повеќе од 80 проценти од испитаните граѓани на Полска не се согласни со оставката на Марчинкијевич, и сметаат дека тој бил добар премиер,а водачот на опозицијата на Полска Доналд Туск истакна дека промената е црн ден за земјата.