1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Брегзит: Како носталгијата го победи сонот за ЕУ

Фолкер Вагенер/превод:БГ28 јуни 2016

Зошто Британците не сакаат повеќе да и припаѓаат на ЕУ? Четири дена по референдумот, лутината се уште не го напушта Фолкер Вагенер

https://p.dw.com/p/1JEmX
Фотографија: Getty Images/C. Furlong

Крикетот би можел да послужи како добро објаснување: кој и да измислил толку чудна игра очигледно функционира поинаку. Зошто Британците не сакаат повеќе да и припаѓаат на ЕУ? Тие никогаш и не беа многу заинтересирани за неа, но сега се целосно надвор. Тоа е глупаво, и за ЕУ и за Британците. Генерацијата над 50 години е одговорна за Брегзит. Постарите лица гласаа со чувството на старата Велика Британија на ум, со желба да ја одвојат својата земја настрана од остатокот на ЕУ. Таквите чувства се за во музеј: британската индустрија се мачи уште од 1945. Поранешната производствена локомотива на Европа веќе речиси и ништо не произведува.
Деновите на Велика Британија како велесила во надворешната политика исто така се далечно минато. Постарите гласачи го знаат тоа, но сепак гласаа за старата слава. Статистиката покажува дека помладите гласачи мислеа поинаку- особено подобро образованите или оние меѓународно ориентираните. Но сепак, сега ќе мораат да го минат животот во креветите кои им ги подготвија нивните мајки и таткови или дедовци и баби.

Wagener Volker Kommentarbild App
Фолкер Вагенер

Поделено кралство

Не само што е загрозен меѓугенерацискиот мир- туку сѐ подлабока е и поделбата на линија урбано-рурално. Жителите на Лондон гласаа за останување во ЕУ; мнозинството гласачи на северот на Англија одлучија да и го свртат грбот на ЕУ. Уште подраматично, референдумот го засили контрастот во самото Обединето Кралство: Шкотска и Северна Ирска сакаат да останат во ЕУ, со или без Англија и Велс. Имало ли во поновата британска историја поексплозивен политички и социјален настан? И зошто на референдумот беше потребно просто, наместо дво-третинско мнозинство за легитимност?
Поранешниот градоначалник на Лондон, Борис Џонсон веројатно ќе се замислеше пред таква пречка. Затоа што лидерот на кампањата за заминување е ПР-кловн, кој пред гласачите глумеше дека не припаѓа на конзервативната елита, и се претставуваше како неконформистички политичар.
Сега кога го доби она за што се залагаше, ќе сака ли да се соочи со последиците? Досега не организираше победничка забава. Дали е тоа знак дека оние кои сакаа малку да ја загреат атмосферата сега се плашат од бурата која ја предизвикаа?

Infografik Wie Großbritannien gewählt hat Englisch
Инфографика: како гласаа Британците.

Мобилизација на страв

Референдумот не беше битка против бриселската бирократија- таа критика е стара колку и ЕУ- туку против слободата на движење на работниците во рамките на ЕУ. Тешко е да се верува дека полските, литванските и унгарските работници толку се исплашени од Брегзитот што сега ќе се вратат на континентот. Тие плаќаат даноци и пензиско осигурување, но нивниот придонес не им значеше ништо на гласачите. Противниците на ЕУ победија преку мобилизација на страв. Младите кои ја поддржуваат ЕУ такво нешто не можеа ниту да замислат.
Сега, ЕУ мора да покаже заби за да ги задржи останатите земји во неа. Дури и Централно и Источно европските нации кои толку сакаа да се приклучат до пред една деценија сега се жалат поради губење на суверенитетот. Но сите сакаат дел од погачата кога станува збор за развој и субвенции. Колку и да е привлечна желбата да се биде „свој на своето“, како што некои Британците посакаа минатата недела, тоа е и опасно самозалажување.