1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Брејвик е навреден што го прогласиле за луд

30 ноември 2011

Масовниот убиец од Осло и Утоја ја одбива оценката на психијатрите дека бил непресметлив кога ги вршел убиствата и потоа.

https://p.dw.com/p/13JNH
Андерс Беринг БрејвикФотографија: Polizei Oslo

Норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик се чувствувал „повреден“, бидејќи двајца судски психијатри го прогласија за непресметлив. Брејвик не сака да прифати, тој да биде оценет како непресметлив поради психоза за време на вршење на делото и потоа. 32 годишниот Брејвик со ова реагираше на објавувањето на експертизата за него, изјави портпарол на полицијата. Во извештајот на двајцата психијатри изработен за судот во Осло се наведува дека Брејвик нападите ги извел до „психопатска состојба“. Според нив, десниот екстремист страда од „параноидна шизофренија“ и е обземен од мегаломански халуцинации.

Брејвик на 22 јуни годинава во Осло и на островот Утоја уби вкупно 77 лица. Повеќемина преживеани преку норвешките медиуми иразија разочароност, бидејќи Брејвик, врз основа на експертизата најверојатно ќе остане неказнет.

Автор: АТ/дв/дпа

Редактор: Горан Чутаноски