1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Брисел пак ја тужи Германија поради заштита на „Фолксваген“

24 ноември 2011

ЕК реши да ја тужи Германија пред Европскиот суд на правдата, бидејќи не го укинала Законот кој ја штити од понуди за преземање на компанијата „Фолксваген“, најголемиот производител на автомобили во Европа.

https://p.dw.com/p/13Ga0
Фотографија: AP

Надлежните органи на ЕУ за конкуренција соопштија дека ќе побараат од Судот да ја казни Германија за секој ден доцнење со поништувањето на Законот кој и‘ дава право на покраината Долна Саксонија да ги блокира понудите за преземање на „Фолксваген“, дури и кога станува збор за малцинските акционери.

ЕК објави дека германската влада не ја почитувала претходната одлука на Европскиот суд на правдата од 2007 година, кој оцени дека Законот дава „непотребно специјални права“ на државните органи. Комисијата оцени дека и натаму се применува Закон кој е во спротивност со правилата за конкурентност на ЕУ.

Бидејќи Германија не ги презема сите неопходни мерки за целосно исполнување на одлуката на Судот, Комисијата сега одлучи целиот случај повторно да го изнесе пред Европскиот суд на правдата, се наведува во соопштението на Еврокомисијата.

Европската комисија најави дека од Судот ќе бара за секој ден доцнење со примената на одлуката усвоена во 2007 година Германија да плати казна по околу 31.000 евра, се‘ додека не ја примени првобитната судска одлука.

Кога судиите на ЕУ ќе ја објават втората пресуда, тогаш Комисијата ќе побара Судот да ја казни Германија со 282.725 евра од ден се‘ додека владата во Берлин во целост не ги осполни правилата на ЕУ, се наведува во соопштението на Комисијата. Во случај на осуда, на Германија и‘ се заканува казна од најмалку 46,5 милиони евра.

Автор: ЖА/ГЧ/дв/миа

Редактор:Симе Недевски