1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Британија го поддржува Пакистан

26 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BMTO

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Милибанд денеска во Исламабад изрази поддршка на пакистанскиот претседател Первез Мушараф во борбата против тероризмот. Милибанд нагласи дека неговата земја има голем интерес за стабилност на Пакистан и напорите за справување со талибанците и милитантите на Ал Каеда. Инаку Пакистан денеска објави дека извршил успешен тест на ракета која може да носи атомска боева глава. Ракетата има дострел од 700 километри.