1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Британија и другите европски партнери да го признаат уставното име на Македонија

24 февруари 2005

Велика Британија , заедно со Германија, Франција и другите европски партнери да работи на прознавање на уставното име на Македонија. Вака гласи дел од вчерашната препорака на надлежната комисија во британскиот парламент, која веднаш наиде на позитивни реакции, и во Скопје и во Лондон.

https://p.dw.com/p/AcH0
Ќе ги послуша ли парламентарците? Британскиот премиер Тони Блер
Ќе ги послуша ли парламентарците? Британскиот премиер Тони БлерФотографија: AP

,, ФИРОМ звучи многу вештачки... Атина и Скопје, под надзор на ОН, треба да се договорат за некаква поинаква формула во билатералните односи, од меѓународни прчини, дека Македонија треба да се нарекува како што се нарекува,,

Вака претседавачот со комисијата за надворешна политика во британскиот парламент, Доналд Андерсон, ги образложи ставовите на неговите колеги парламентарци. Тие, во специјален извештај за Западниот Балкан, и порачаа на британската влада да ги следи Сад и да го признае уставното име на Македонија.

,, Тоа што уставното име го признале три од петте постојани членски на Советот за безбедност на ОН, треба да ја охрбри и Британија да го стори истото, посочуваат членовите на Комисијата и нагласуваат:

,, Британија, заедно со Германија, Франција и другите европски партнери треба да работи на признавање на уставното име на Македонија. Официјален Лондон треба да ја охрабри Грција да го стори истото,, се вели во извештајот на британските парламентарци, во кој што има и низа други позитивни оценки за Македонија, како на пример, дека нејзиното членство во НАТО е пожелно и дека Европската унија треба да помогне за реформите во земјата, но се посочува и дека стабилноста на Македонија се уште не може докрај да се гарантира.

Македонската влада експресно го поздрави ивештајот на британската парламентарна комисија, атоа го стори и официјален Лондон.

,, Би сакал македонските пријатели да го проучат иѕвештајот кој што е многу сериозен, не само за британската политика кон Македонија туку и и за ЕУ,, изјави за македонскиот сервис на ББС британскиот министер за Европа Денис Мек Шејн.

Меј Шејн, кој и самиот неколкупати ја посетил Македонија, додаде:

,, Ја прифаќам препораката на Грција да и се предложи да ја смени својата политика кон Македонија, но нема да одам наоколу и да им кажувам на другите држќави каква треба да биде нивната политика. Во интервјуа, јас земјата ја нарекувам со уставното име. Но би бил огорчен доколку грчки политичар би ми се јавил и би ми рекол да престанам јавно да ја нарекувам земјата Македонија, посочи Мек Шејн.

Со слични препораки за меѓународно признавање на уставното име на Македонија, уште во октомври минатата година, излегоа и германските парламентарци. Иако тие го скршија ледот, владата во Берлин остана воздржана на нивниот повик со обраѕложение дека Грција е членка на ЕУ, а во нејзини рамки одлуките се донесуваат заеднички.

Само неколку дена потоа, САД ја признаа Македонија под уставното име.