1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Британските трупи во Ирак најмногу уште пет години?

8 април 2007
https://p.dw.com/p/AgG3

Британските трупи би можеле да останат во Ирак најмногу уште пет години, пишуваат денеска британските медиуми. Весникот “Сандеј телеграф”, цитира разузнавачки планови според кои трупите во Ирак би останале до 2012 година. Портпарол на минстерството за одбрана изјави дека војската се подготвува за сите можни сценарија. Уште во февруари британскиот премиер Тони Блер најави намалување на бројот на британските војници од 7100 на 5500 до крајот на годинава.