1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Британски парламентарци очекуваат „морално“ убедување на Грција

БГ/макфакс7 март 2013

Притисок врз Скопје и Атина за „прашањето за името“ и морално убедување на Грција по ова прашање, се предлага во извештајот на Комисијата за ЕУ на Горниот дом на британскиот Парламент.

https://p.dw.com/p/17sft
Фотографија: Reuters

Потребен е притисок врз Македонија и Грција, како и морално убедување на Грција за напредок во разговорите за името меѓу Скопје и Атина, се вели во извештајот на Комитетот за Европска унија на Горниот дом на британскиот парламент, насловен „Иднината на проширувањето на ЕУ“. Во извештајот се наведува дека надминувањето на билатералните прашања „не е едноставна работа. Се посочува и дека регионалната соработка и добрососедските односи остануваат клучни принципи во проширувањето. „Имајќи ги во предвид уникатните околности на Западниот Балкан, решавањето на билатералните – или мултилатералните – прашања не е едноставна работа, но нашите соговорници ја нагласуваат важноста двете страни да имаат волја проактивно да работат со цел да се надминат. Министерот за Европа нагласи дека ‘регионалната соработка и добрососедските односи остануваат централни во процесот на проширување’, согласувајќи се дека ‘не треба да се дозволи билатералните прашања да го поткопаат овој клучен принцип или да го попречат процесот на проширување’. Европратеникот Хауит нагласи дека посакува да види ‘притисок’ и на Грција и на ПЈР Македонија во однос на спорот за името, велејќи дека ‘треба да има два добри соседи’, сугерирајќи дека притисокот на другите земји членки врз Грција е неопходен, она што сер Мајкл Ли (советник во Германскиот Маршалов фонд) го нарекува ‘морално убедување’ “, се вели во извештајот на комитетот.