1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Британците го замрзнаа референдумот за уставот на ЕУ

7 јуни 2005

Британската влада го замрзна планираниот референдум за европскиот устав со што уште повеќе ја заостри кризата во Европската унија. По одбивањето на уставот во Франција и Холандија, Лондон го одложи на неодредено време за идната пролет планираното изјаснување на британските граѓани.

https://p.dw.com/p/AcEu
Џек Стро го образложува одлагањето на референдумот
Џек Стро го образложува одлагањето на референдумотФотографија: AP

Министерот за надворешни работи Џек Стро вчера официјално го извести парламентот за ваквото решение:

„Сметаме дека нема смисла да продолжат парламентарните подготовки за референдумот се додека не биде јасно какви последици ќе произлезат од фактот што Франција и Холандија не ќе можат да го ратификуваат договорот„.

Стро подвлече дека сега не е време за едностран британски настап:

„Сега се потребни натамошни разговори со партнерите во ЕУ, како и нови решенија од страна на владите на земјите –членки„.

На овој начин британската влада се поштеди од шлаканица во сопствената земја, зашто и Британците во големо мнозинство го одбиваат европскиот устав. Значи, блеровата проба на моќта со сопстевниот народ е замрзната и никој не смета на тоа дека воопшто ќе биде одмрзната:

„Европската унија се наоѓа во тешка фаза. Во наш интерес и во интерес на Унијата е сега да не реагираме на начин што натаму ќе ја руинира моќта на Европската унија. Тоа и ќе го направиме„.

Стро се спротивстави на впечатокот дека Британците се тие што дефинитивно му зададоа смртен удар на уставот: ние не решаваме за судбината на уставот, туку само реагираме на развојот во Париз и Хаг. Отаму неговиот говор наклонет кон Европската унија, но пред се како Унија на економски можности:

„Европската унија е голема придобивка. Таа има централно значење за британската балогосостојба. Фирмите и луѓето на нашата земја профитираат од слободната трговија на најголемиот пазар во светот. Европската соработка ги отстрани гарниците за патувања, работа, туризам. Европската унија останува решавачки фактор за мирот, демократијата и реформите„.

Британскиот премиер Тон Блер и покрај одлагањто на референдумот во неговата земја, смета дека процесот на уставот треба да продолжи по разумен пат. За весникот „Фајненшел тајмс„ тој изјави дека без предлог на нови правила за иднината Унијата не ќе може да функционира. Оттаму е потребна сериозна дебата за иднината на Унијата, изјави Блер.