1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бројни ранети во бомбашки напади во Украина

ЖА/СН/дпа/дв/миа27 април 2012

Експлозии на бомби, паника и бројни повредени-кој се крие зад нападите во Украина не се знае. Загриженоста расте и со оглед на тоа што земјата во јуни е домаќин на Европското фудбалско првенство.

https://p.dw.com/p/14m2a
Фотографија: Reuters

Шест недели пред почетокот на Европското фудбалско првенство серија бомбашки напади со десетици ранети го потресе родниот град на лидерката на опозицијата, Јулија Тимошенко, која се наоѓа во затвор. Во рок од неколку минути според полицијата се случиле најмалку четири експлозии на плоштади во Днепропетровск, кој се наоѓа 400 километри југоисточно од главниот град Киев. Во бомбашката серија напади се повредени најмалку 27 лица, меѓу нив и девет деца.

Полицијата соопшти дека првата експлозија е предизвикана од експлозивна направа, која била активирана на трамвајската станица Серова. Потоа одекнала уште една експлозија во близина на парк. Во експлозијата се повредени четири патници на трамвај, кој се подготвувал за поаѓање.

Втората експлозија се случила во близна на кино, при што се повредени седум лица. Третата бомба експлодирала во средно училиште при што се повредени четворица ученици. Бомбите биле поставени во канти за отпадоци.

Ukraine Bombenexplosion in Dnjepropetrowsk
Фотографија: Reuters

Според украинските медиуми бројот на експлозии во Дњепропетровск веќе изнесува десет. Освен четирите експлозии, потврдени од Министерството, и две кои не се официјално потврдени, се случиле уште четири експлозии. Две нови експлозии одекнале во близина на трговскиот центар „Гран плаза“ и две во квартот Озерка.

Украинскиот главен обвинител нападите ги окарактеризира како терористички напади.

Претседателот на Украина Виктор Јанукович серијата бомбашки напади ги оцени како „уште еден предизвик пред неговата земја, на кои треба да се реагира соодветно“.

Украина заедно со Полска ова лето е домаќин на европското првенство во фудбал, а натпревари е предвидено да има и на стадионот во Днепропетровск.