1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарија на пат кон дома

19 јуни 2004

На Европското фудбалско првенство во Португалија, Шведска и Данска се на добар пат кон четвртфиналето.

https://p.dw.com/p/AenF
Бугарија - Данска
Бугарија - ДанскаФотографија: AP

Данците во Брага ја извојуваа втората победа на турнирот против Бугарија со резултат 2 : 0. Во продолжение Шведска играше нерешено против Италија 1:1. На табалата од групата Це, двете скандинавски држави имаат по четири бодови пред Италија и Бугарија која веќе нема никакви шанси за натамиошен пласман. Според изгледот на табелата италијанската репрезентација во вторник мора да извојува победа во последниот дуел од групата против Бугарија. Четири денови по ремито против Данците, Италијанците на почетокот покажаа агресивана игра, но без Франческо Тоти, кој доби казна за три натпревари, поради плукање на Дански играч.

Германскиот тим денеска го игра вториот натпревар против на европското првенство. Противник е Летонија. Вчера, еден ден пред оваа средба шефот на германскиот фудбалски тим Руди Фелер на прес конфернеција истакна

“Цело поладне ја анализиравме играта на Летонците. Исековме некои делови, како што правиме и секогаш, за навистина да докажеме, колку е опасна оваа екипа, и сигурно нема да паднеме во стапицата , да кажеме сега сме фаворити , и со помал ангажмана отколку против Холанѓаните ќе победиме. Тоа со сигурност нема да се случи.“

Во вториот натпревар од оваа група се среќаваат Чешка и Холандија.